Флеш актуелности од Делчево од регионот

Учеството на Меѓународниот натпревар по информатички технологии во Р. Бугарија на СОУ „М.М.Брицо“ му го донесе второто место. Најголеми виновници за успехот се учениците Стефан Димитровски и Даниел Цоневски чија што креативност придонесе веб-сајтот на делчевската гимназија на кој се прикажани убавините на Делчево да го освои второто место на натпреварот.
 
-Нашата веб страница има неколку поттеми меѓу кои знаменитостите на Делчево кои туристите би можеле да ги посетат. На сајтот имаме и потстраница за најзначајните настани во општина Делчево, настани кои се одржуваат во текот на целата година, вели ученикот Даниел Цоневски, кој објаснувајки ги содржините на самата веб-страница додаде дека во нејзини рамки може да се најде и посебна тема во која накратко се опишани можностите за забава како и ноќниот живот во градот.
 
Според ученикот Стефан, примарната идеја била креирање на веб-сајт во кој посетителите ќе можат да се запознаат со културно историските знаменитости на градот, идеја која се покажала како мошне успешна.
 
-Идејата ни беше да направиме веб-сајт на кој посетителите ќе можат да се запознаат со убавата страна на Делчево, натпреварот беше меѓународен, имавме огромна конкуренција, но сепак излезе дека нашата идеја е одлично прифатена, задоволно истакна ученикот Стефан Димитровски.
 
Средното општинско училиште „Методи Митевски - Брицо“ е редовен учесник на натпреварот кој всушност во се одржа како 9 национален натпревар по информтички технологии а домаќин беше благоевградското VII СУ „Кузман Шапкарев“. За менторот Валентин Анастасова, повеќе од гордост е да се има вакви ученици.
 
-Вистинско богатство како и во секое училиште така и во нашето е да се има ученици како Даниел и Стефан. Тоа се примерни ученици кои покажаа дека со желба, љубов, знаење и труд може да се постигне добар резултат и покрај големата конкуренција. Би сакала тие да бидат пример за останатите ученици кои имаат желба и афирмација за самодокажување, не само во информатиката туку и во другите области да учествуваат и да постигнат уште подобри резултати, рече професорот по математика и ментор на учениците Валентина Анастасова.
 
Инаку, тема на годинешниот натпреварот беше „Енергијата на планетата“, а на натпреварот учествуваа 130 ученици од Македонија и Бугарија.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна