Флеш актуелности од Делчево од регионот

Пожарот кој вчера околу 17 часот избувна во близина на месноста Црквенска Река успешно е локализиран од страна на вработените во ТППЕ Делчево.

Според информациите на Лоренцо Трајановски, пожарникар кој со дежурната екипа учествуваше во негово гаснење, истиот бил пријавен од совесни граѓани при што ТППЕ Делчево веднаш се упатила на местото каде избувнал пожарот и за нешто повеќе од еден час истиот е ставен под контрола.

-Зафатени беа околу 6 декари борова шума, откако го заобиколивме местото, успеавме пожарот да го ставиме под контрола и да спречиме поголема материјална штета или не дај боже пожар од поголеми размери. Благодариме на совесните лица кои веднаш со дојава ни го пријавија случајот и со тоа ни овозможија навреме да реагираме, рече Трајановски.

Освен кај месноста Црквенска Река, делчевските пожарникари во петокот нешто по 02:00 часот интервенирале и во пожар кој избувнал во плевна во село Град каде изгорел близу еден тон луцерка со што е причинета голема материјална штета. Како што истакна Трајановски, кој со своите колеги учествувал во гаснењето на пожарот, истиот бил локализиран по два часа од неговото појавување.

-За пожарот во с.Град дојавата ја добивме нешто пред два часот по полноќ. Бргу излеговме на местото на пожарот при што со крајно професионалната интервенција на пожарникарите успеавме да го ставувме под контрола и овој пожар кој поради запалливиот материјал можеше да предизвика штета и врз околните објекти. За среќа огнот беше изгаснат и не дојде до тоа, рече Трајановски.

Пожарот во с.Град е пријавен до СВР Штип од каде е најавена истрага во врска со неговото избувнување. Инаку, ова е втор случај на палење на истата плевна во период од 4 месеци.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна