Флеш актуелности од Делчево од регионот

За време на одржување на партиски состанок на раководтсвото на ВМРО-ДМПНЕ на паркингот во близина на Спомен дом АСНОМ се случи немил настан. Имено засега непознати сторители ги испрскале со боја автомобилите на локалниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Христов како и раководителката на агенцијата за вработување од Делчево, Христина Смилевска. Син спреј бил испрскан од двете странични страни на автомобилите од марката Опел Корса и Опел Астра. Инцидентот веднаш бил пријавен во полиција по што бил извршен увид на лице место. Настанот го потврдија од СВР Штип каде случајот бил пријавен во недела попладне нешто по 19 часот. Според информациите на СВР се работи на откривање на сторителите на вандалскиот чин. Денес изостана официјална реакција од Христов и Смилевска но затоа се отвораат сомнежи за политичка позадина на инцидентот иако не е исклучена можноста испрсканите возила да биле жртва на вандали.

 

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна