Флеш актуелности од Делчево од регионот

„Енергетски ефикасно осветлување во регионот Делчево-Благоевград“ е насловен проект со кој до 2018 година се предвидува поставување на 760 лед светилки во 7 погранични села и централното градско подрачје. На прес конференција која во Делчево се одржа по повод почетокот на проектот беше истакнато дека негова главна цел е заштеда од 60 отсто на финансиите наменети за јавно осветлување.

-Ова е 5-ти заеднички проект на општините Делчево и Благоевград, истакна координаторот Тони Стоименовски, кој додаде со проектот се предвидува заштеда на буџетот, но и заштеда на работната сила и материјали. Се работи за квалитетни светилки чија стартна гаранција е 5 години , но искуствата велат дека нивната употреба е до 50.000 часа што им го продолжува векот за нови 5 години. Тие ќе бидат поставени во 7 села од пограничнот регион и во делови од градот каде комуникацијата во сообраќајот е поголема и има потреба за нивно поставување, рече Стоименовски, кој додаде дека проценката е дека со проектот околу 60 проценти од финансиите наменети за јавно осветлување ќе бидат заштедени.

За градоначалникот на Благоевград , проектот е од огромно значење бидејки истиот ќе ја продолжи и онака добрата соработка помеѓу двете општини.

-Проектот се однесува на замена на светилките во 4 села во пограничниот регион на Благоевград, истакна градоначалникот Атанас Камбитов кој додаде дека самиот факт што од 213 европски проекти овој беше избран за најподобен, говори за високиот капацитет на администрацијата од двете општини кои соработката ќе ја продолжат и во други области.

Започнувајќи од 2013 година од почетокот на мандатот на Градоначалникот Шехтански кога во општина Делчево имаше околу 1050 сијалични места, нивниот број до денеска е зголемен за уште 300 нови лед светилки со што вкупната бројка моментално изнесува 1350 сијалични места..

-Со имплементацијата на овој проект значително ќе се подобри квалитетот со уличното осветлување во општина Делчево. Бенефитот од оваа имплементација особено ќе следува со намалениот износ на чинење на фактури за наплата кои општината ги добива за потрошена електрична енергија, рече Шехтански кој рече дека иако е надвор од ветената предизборна програма со која победи во 2013 година, овој проект е само еден од низата кои не беа ветени, а сепак се покажаа како неопходни за реализација во досегашното негово работење.

Во рамки на настанот беше потпишан и договор за деловна соработка околу имплементацијата на проектот меѓу општина Делчево и фирмата изведувач на предвидените работи околу вградување на новите улични светилки.

Инаку, проектот ,,Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград-Делчево" е финансиран од ИПА програмата на ЕУ во износ од 400.000 евра. 

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна