Флеш актуелности од Делчево од регионот

Несовесни лица искорнале 21 информативни табли кои беа поставени во близина на реката Брегалница како дел од пешачката патека на биодиверзитетот која се градеше во рамки на проктот „Запознај ја Брегалница“. Вандалскиот чин бил пријавен до Тони Стоименовски од „Регионалниот центар за застапување“ кој беше главен имплементатор на проектот кој се реализираше со средства обезбедени преку „Програмата за зачувување на природата“ од Швајцарската агенција за развој и соработка и општина Делчево.

-Ова го пријавија граѓани на општина Делчево, дека се искорнати 21 табла кои беа поставени во рамки на проектот кој се спроведуваше по течението на река Брегалница, а се однесуваше на „Патеката на биодиверзитетот“, тие пријавија дека таблите се откорнати и фрлени во водите на река Брегалница. Заедно со ЈП „Брегалница“ ги извадивме таблите од реката, а вандализмот го пријавивме во полиција. На повеќето од таблите има видни оштетувања со што направена е директна штета во висина од околу 1000 евра, истакна советникот за ЛЕР во општина Делчево, Тони Стоименовски.

Според него, ваквите појави не се ретки во градот. Во последниот сличен случај беа уништени дел од светилките во градскиот парк во Делчево.

-Светилките во градскиот парк кои исто така се поставени со донаторски средства на Швајцарската агенција за развој и соработка се редовна мета на несовесните, а исто така пред и за време на новогодишните празници, вандали го уништија осветлувањето наменето за најмладите, осветлување кое беше поставено од општина Делчево.

Ваквата појава сама по себе го наметнува прашањето кому и зошто му смета урбаната опрема која конкретно за „Патеката на биодиверзитетот“ има за цел да ги едуцира граѓаните за животинските видови кои живеат во река Брегалница. Дека вандалскиот чин го сториле млади и несовесни лица е нечесно предвреме да се тврди, но се додека се откријат сторителите повеќето со прст ќе покажуваат кон оние кои најчесто ноќните часови за време на викендите ги минуваат токму на местата каде е направен самиот вандалски чин кој самиот по себе никому не му носи добро.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна