Флеш актуелности од Делчево од регионот

Дел од наставниот кадар на чело со директорот на ООУ „Св.Климент Охридски“ од Делчево ја завршија тридневната посета на месноста Рача, Р.Србија каде беа дел од одбележувањето на патрониот празник на основното училиште „Караѓорѓе“, училиште со кое врз база на збратимувањето ја негуваат соработката која започна од 2009 година.

 

Како што истакна директорката на делчевската деветолетка, Валентина Михаиловска, соработката најпрвин започнала преку запознавање на колегите од двете училишта, а потоа и со креирање план за понатамошна соработка во повеќе области од воспитно-образовниот процес.

-Соработката трае од 2009 година, најпрвин преку ловното друштво, потоа преку збратимување на општините и двете училишта. Откако беа воспоставени првите контакти, заеднички двете училишта пристапија кон креирање план за соработка и тоа најмногу во делот на спортските активности при што редовно ученици од двете училишта се натпреваруваат во повеќе спортови меѓу кои фудбал, кошарка, ракомет, рече Михаиловска, додавајки дека дружењето и останатите воспитно-образовни активности се само дел од таа соработка.

 

Што се однесува до овогодишниот престој во Србија, наставниот кадар од Делчево во Рача престојуваше три дена при што беше дел и од завршната приредба по повод денот на училиштето. Следните заеднички активности од двете училишта ги најавија за во месец декември кога делчевската деветолетка го слави својот патрон.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна