Флеш актуелности од Делчево од регионот

Во четврток, 16. февруари, во 11:00 часот, во ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, Директорот на Мисијата на УСАИД, Г. Џејмс Стајн ќе му се придружи на Градоначалникот Дарко Шехтански и на граѓаните на општина Делчево во одбележување на изградбата на нова атмосферска канализација која ќе ја зголеми отпорноста на урбаната населба “Милково Брдо” кон ризикот од поплави кои можат да бидат предизвикани од екстремни временски појави.

Работата беше извршена како дел од учеството на општината во Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.

За жителите на Делчево, адаптацијата кон климатските промени преку спроведување на мерки за превенирање на урбани поплави е дефинирана како приоритет во стратегијата за климатски промени на општината. Директорот на Мисијата на УСАИД, Г-дин Џејмс Стајн, Градоначалникот Дарко Шехтански и раководителот на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, Г-дин Игор Славкоски, ќе одржат кратки говори.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна