Флеш актуелности од Делчево од регионот

Општините Делчево и Пехчево се дел од двата заеднички проекти во делот на развој на туризмот и заштита на животната средина. Првиот проект кој се имплементира има за цел одржливо управување на природните ресурси во микро-регионот Пијанец - Малеш.

Како што истакна Тони Стоименовски, претставник од општина Делчево, проектот предвидува неколку сегменти меѓу кои едукација на дел од вработените во општините Делчево и Пехчево и дел од граѓанскиот сектор со цел запознавање со користењето на иновативни алатки за одржливо управување и промовирање на природните ресурси во нашиот регион, изработка на веб страна, обележување на местата со QR кодови, поставување на соодветна сигнализација односно информативни табли на сите 21 локации кои се влезени во проектот како и изработка на мапи за мини велосипедската патека на Голак, изработка на регионални мапи и сето тоа, како што истакна Стоименовски, во насока на промоција и одржливо управување со природните реткости на микро-регионот Пијанец Малеш. Во вториот проект кој го спроведува здружението „Амброзија“, општина Делчево се вклучи како дел од проектот „Заеднички интегрирана политика за ниско јаглеродна економија во пограничниот регион“, проект во кој се вклучени 9 општини од пограничниот регион, а во чии рамки преку низа активности ќе се изготвува заеднички стратешки документ за ниско јаглеродна политика на прекуграничниот регион.

-Во сите 9 општини ќе се направи детална анализа на јаглеродните емисии, а предвиден е и мониторинг на воздухот, истакна Јасминка Пашалиска Андоновска од здружението ,,Амброзија'' која додава дека тоа е нешто што прв пат ќе биде направено во македонските општини од Истокот. Крајната цел како што рече Пашалиска е изготвување на заедничка стратегија за ниско јаглеродна политика која ќе биде рамка за следните конкретни активности во општините кои ќе бидат опфатени со проектот.

Инаку, освен Делчево и Пехчево во проектот од македонска страна се вклучени и општините Берово и Виница додека од бугарска општините Струмјани, Благоевград,Симитли ,Сандански и Кресна.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна