Флеш актуелности од Делчево од регионот

Советот на родители го усвои полугодишниот извештај за работата на ООУ Св.Климент Охридски. Директорот на учлиштето Валентина Михаиловска пред присутните родители се произнесе околу спроведените активности во 1 полугодие од учебната 2016/17 при што најмногу задоволство изрази од завршената реконструкција која се одвиваше во делчевската деветолетка, а во чии рамки училиштето доби нова ПВЦ столарија, направи преадаптација на 4 училници, го смени постоечкиот кровот на училиштето, со што реконструкцијата која во оваа училиште се одвивааше по повеќе од 30 години успешно е завршена.

 

-Оваа година започнавме со едносменско работење на што сме посебно горди а исто така задоволство изразуваме од реконструкцијата во самото училиште која придонесе да ги чувствуваме бенефитите кои веќе се  чувствуваат училиштето, истакна Михаиловска пред присутните родители, додавајки  дека во тек е и внатрешна реконструкција на училиштето.

Михаиловска во иднина најави активности преку кои со средства во висина од 6.000 евра ќе се реновираат тоалетите за наставниците во училиштето, а меѓу другото исто така со сопствени средства предвидена е и набавка на нови 20 лаптоп компјутери за потребите на деветолетката. Првото полугодие од учебната 2016/17 во училиштето успешно го завршија 579 ученици, а средниот успех кој беше постигнат изнесува 3.95. Инаку, во рамки на средбата на советот на родители беше дадена согласност за реализирање на предвидената програма за изведба на ученичките екскурзии со учениците од 3, 6 и 9 одделение, а се разговараше и околу евентуалната промена на времето на почетокот на наставата во делчевската деветолетка.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна