Флеш актуелности од Делчево од регионот

Вкупно 12 одлични и редовни ученици од СОУ „М.М.Брицо“ со постигнати најдобри резултати и континуиран одличен успех, како и одлични ученици кои потекнуваат од семејства со ниски месечни примања, денес од страна на градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански, ги добија решенијата со кои во период од 9 месеци ќе бидат стипендирани со финансиски средства во висина од 1000 денари.

Оваа пракса, според директорката на училиштето М.М.Брицо, Билјана Петровска, е стимул не само за овие ученици туку и за следните генерации кои преку својот одличен успех ќе аплицираат и ќе ги искористат поволностите кои им ги овозможува општината.

-Ние како училиште сме благодарни на општината што неколку години по ред го поддржува училиштето преку постигнатите резултати на учениците, стипендии кои што верувам дека како и сите претходни години и оваа година беа доделени на најдобрите ученици, потенцирааше директорот Петровска која додаде дека ова ќе биде голем поттик и за останатите ученици во иднина да покажат одлични резултати и да ги искористат мерките за стипендирање кои беа наметнати како пракса од страна на општина Делчево.

Освен стипендиите за одличните ученици, веќе 9 година во континуитет, општина Делчево доделува и 12 стипендии за најдобрите студенти кои студираат на универзитетите во Македонија, а во текот на годината се доделуваат и три стипендии за првенците на генерацијата во општинските основни училита Св.Климент Охридски и Ванчо Прке и првенецот на генераацијата од СОУ „М.М.Брицо“.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна