Флеш актуелности од Делчево од регионот

Со исполнет 124 процентен план на реализација, крводарителите од Делчево покажаа дека во изминатата 2016 година беа меѓу најактивните во државата. Ова се должи на фактот што тие се надминаа себеси и предвидениот план за реализација која беше зацртан од страна на општинската организација на Црвен крст Делчево, а изнесуваше 730 крвни единици беше надминат за 176 крвни единици, па така делчевчани во 2016 подарија 906 крвни единици и уште еднаш докажаа дека хуманоста минатата година им беше на прво место.

- Како резултат на одличната соработка која Црвен крст Делчево ја има со службата за трансфузиона медицина во Делчево, Регионалниот центар за трансфузиона медицина од Штип и Институтот за трансфузиона медицина - Скопје како една врвна организација која што не координира имавме повеќе од успешна година, а сето тоа најмногу благодарение на  огромната хуманост на нашите крводарители и крводарителските акции кои беа реализирани со граѓанството, средношколците и вработените во МВР Делчево кои беа дел од овие хумани акции, истакна Виолата Ѓоргевска од службата за трансфузиологија во Делчево.

За крводарителите кои можат да даруваат крв еднаш во три месеци секоја нова крводарителсска е шанса да се спаси човечки живот.

- 28 години сум активен крводарител имам дарувано над 100 пати од животворната течност и препорачувам секој кој немал прилика да дарува крв, да го стори тоа со првата наредна крводарителска акција, вели Методи Стоичов, ветеран во крводарувањето.

Инаку општинската организација на Црвен крст Делчево веќе ја подготвува и втората крводарителска акција за 2017, во рамки на првата над 30 крвни единици подарија хуманите граѓани на Делчево.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна