Флеш актуелности од Делчево од регионот

Во недела на 19.02.2017 година во Делчево ќе се одбележи 73 годишнината од реализацијата на февруарскиот поход во 1944 година.

Овој значаен настан од македонската понова историја одиграл огромна историска улога и оставил трајно влијание во колективната меморија на нашиот народ.

Зимата 1943-1944 година, главнината на единиците на НОВ и ПОМ кои што биле стационирани на територијата на Егејска Македонија, пред налетот на германските нацистички сили кои ја почнале својата операција за повлекување од Грција кон север на Балканскиот полуостров, започнале оперативни дејства за потиснување на окупаторските власти како и диверзивни дејства на нивниот транспорт. Притоа во тешки временски услови целата воена операција имала поразителни шански за успех, но сепак поради херојството и натчовечките напори на учесниците во походот, замислата била остварена.

Една група на партизани предводени од генерал Михаило Апостолски, зимата 1944 година пристапила од југ кон пијанечкиот регион и притоа се искачиле на планината Голак. Овде било одржано советување при што биле донесени значајни воени одлуки за понатамошниот тек на акцијата.

Во одбележувањето на оваа значајна годишнина од Народно ослободителната борба на македонскиот народ против фашизамот, секоја година учествуваат и планинарите од Делчево и од неколку други места од земјава, изведувајќи традиционален планинарски марш.

Стартната точка на маршот е пред Спомен-домот на АСНОМ, а цел е планинскиот врв Чавка на надморска височина од 1.536 метри. Патеката е долга 24 километри во двата правци со висинска разлика од 900 метри.

Маршот е во организација на Општина Делчево во соработка со локални и регионални планинарски друштва од Делчево и регионот, а имало учесници од Пехчево, Струмица, Пробиштип, Крива Паланка, Кочани, Виница, Неготино, Штип и од други планинарски друштва, ширум Македонија.

За учесниците на манифестацијата и планинарскиот марш, организаторите приредуваат свеченост за доделување на признанија и благодарници придружени со заедничко дружење и забава со ручек.

Покрај спомен-обележјето (Спомен плочата) на Февруарскиот поход, присутните гости на манифестацијата можат да ги посетат и

1. Конаците и манастирскиот комплекс „Св.Богородица-Балаклија“ кои се наоѓаат попатно на планинарската марш-рута

2. Црквата „Св.Панталејмон“ на врвот на планината Голак на 1536 метри надморска висина.

3. Легендарната "Бун" чешма со која е поврзана легендата за два змејови.

4. Местото каде се одиграла една од позначајните битки во пред илинденскиот период во која загинал Дебарско-Кичевскиот војвода Максим Ненов

Настанот се реализира по четвртти пат, откако беше инициран за првпат за реализација од страна на Градоначалникот Дарко Шехтански во 2014 година.

Официјалниот настан на фејсбук каде може да ги следите сите најави за настанот може да го побарате на сл. линк тука.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна