Флеш актуелности од Делчево од регионот

"Првата изградена атмосферска канализација во Делчево, дел од стратегијата за справување со последиците од климатските промени, беше одличен повод да се присуствува на меѓународната конференција за климатски промени", -изјави градоначалникот на општина Делчево, г-динот Дарко Шехтански за нашиот портал.

Тој заедно со поевеќе други градоначалници од различни краеви на државата, беше дел од панел дискутантите на овој значаен настан кој се одржа во кампусот на Фон универзитетот во Скопје, денеска (петок, 03.02.2017 година).

Оваа конференција беше трета по ред од ваков вид која третира прашања поврзани со процесот за донесување и имплементација на стратегии за справување со последиците од климатсаките промени на национално и локално ниво од страна на повеќе општини имплементатори на овој процес во Република Македонија.

Општина Делчево имаше ретка можност да биде дел од овој процес, со што успешно започна со имплементацијата на самиот процес, но и да реализира конкретни проектни активности како дел од низата на мерки за справување со последиците од промената на климата на глобално ниво.

Изминатата 2016 година општина Делчево успешно реализираше проект за изградба на првата атмосферска канализација за дел од населбата Милково брдо во Делчево во должина од 585 метри. Главната примарна линија според проектната документација е сместена во планумот на дел од улиците Питу Гули, Ѓорче Петров и Вера Јоциќ. Овој проект претставува примарна линија за прибирање на атмосферските води за дел од населбата Милково брдо, како дел од еден глобален проект за одделување на атмосферската од фекалната канализација за поширок плански опфат од неколку хектари.

Токму овој дел од населбата Милково брдо беше идентификуван како најприоритетен од страна на Градоначалникот Шехтански, а врз основа на пријавите од страна на граѓани и домаќинства кај кои мешањето на атмосферските води со фекалните во изминатите над 30 години им предизвикуваа речиси секојдневни проблеми за време на поголеми врнежи на дожд 

По изградбата на оваа делница на атмосферска канализација која е со поголеми попречни профили на одводните цевки, ќе следува една подолготрајна активност за прибирање на опфатните гранки т.е. секундарни одводи на атмисферски води, претежно од улиците Ѓорче Петров, Григор Прличев, Македонска и дел од улицата Вера Јоциќ. 

Реализацијата на овој капитален проект е поврзана со реконструкцијата на повеќе улици во населбата Милково брдо, како неопходна претходна градажна активност, пред истите да бидат реконструирани во претстојниот период.

На овој начин во рамки на еден сеопфатно и внимателно планиран процес со водење на сметка за оптимално искористување на финасиските сретства ќе се обезбеди долгодраен одржлив развој и унапредување на стандардот на различните населби во Делчево.

Целиот процес за донесување на локалните стратегии за климатски промени во повеќе општина во Македонија е спроведуван од граѓанската организација Милеу Контакт-Македонија, со сретства обезбедени од УСАИД.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна