Флеш актуелности од Делчево од регионот

Општина Делчево активно се вклучува во изготвувањето на стратегијата за социјална инклузија на жени и млади, стратегија која ќе се изготвува во рамки на проектот Македонска активна платформа за социјална инклузија имплементиран од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи - Охрид и Македонското женско лоби од Скопје. Според Сузана Петровска координатор на проектот, конкретните чекори кои ќе се преземат на локално ниво е одржување на три работилници на кои ќе се разработува стратегијата за социјална инклузија на споменатата категорија граѓани.

- Целта на тие работилници ќе биде утврдување на проблемите и приоритетите на жените и младите преку мобилизација на локалните чинители и создавање на партнерства  и соработка меѓу нив се со цел поттикнување на социјална инклузија на жени и млади , истакна координаторот Петровска.

Освен стратегијата за социјална инклузија која ќе се изготвува во наредниот период Општина Делчево има изготвено и голем број на други стратешки документи од најразлични сегменти на човековото живеење.

- Најважен документ е стратегијата за Локален економски развој на Општина Делчево, ЛЕАП-от како локален еколошки акционен план кој е една законска обврска секоја општина да го поседува , Стратегија за млади која е донесена со поддршка на младинскиот совет на Општина Делчево и многу други, истакна Тони Стоименовски од ЕЛС Делчево.

Инаку, проектот за социјална инклузија на жени и млади е дел од IV тата ИПА компонента за развој на човечки ресурси на ЕУ а ќе се  спроведува во 18 општини во Македонија.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна