„Енергетски ефикасно осветлување во регионот Делчево-Благоевград“ е насловен проект со кој до 2018 година се предвидува поставување на 760 лед светилки во 7 погранични села и централното градско подрачје. На прес конференција која во Делчево се одржа по повод почетокот на проектот беше истакнато дека негова главна цел е заштеда од 60 отсто на финансиите наменети за јавно осветлување.

Дел од наставниот кадар на чело со директорот на ООУ „Св.Климент Охридски“ од Делчево ја завршија тридневната посета на месноста Рача, Р.Србија каде беа дел од одбележувањето на патрониот празник на основното училиште „Караѓорѓе“, училиште со кое врз база на збратимувањето ја негуваат соработката која започна од 2009 година.

Во четврток, 16. февруари, во 11:00 часот, во ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, Директорот на Мисијата на УСАИД, Г. Џејмс Стајн ќе му се придружи на Градоначалникот Дарко Шехтански и на граѓаните на општина Делчево во одбележување на изградбата на нова атмосферска канализација која ќе ја зголеми отпорноста на урбаната населба “Милково Брдо” кон ризикот од поплави кои можат да бидат предизвикани од екстремни временски појави.

Општините Делчево и Пехчево се дел од двата заеднички проекти во делот на развој на туризмот и заштита на животната средина. Првиот проект кој се имплементира има за цел одржливо управување на природните ресурси во микро-регионот Пијанец - Малеш.

 Денес во Делчево се одржа првата работилница во рамки на изготвувањето на Локaлната активна платформа за социјална инклузија на жени и млади, работилница на која учествуваа сите локални чинители кои ќе учествуваат во изготвувањето на Стратегијата за жени и млади.

- Денес ја одржавме првата работилница во рамки на Мапси проектот, вакви работилници ќе има уште две, а нивна цел ќе биде изработка на стратегијата за социјална инклузија, рече Сузана Петровска, локален координатор на проектот која додаде дека главен акцент на денешната работилница е ставен на спроведувањето на обука со учесниците со цел изработка на статегијата и дефинирање на на потребите и проблемите на жените и младите како ранлива категорија. 

Нацрт верзијата на стратегијата се очекува да биде изготвена најдоцна до краот на наредниот месец по што истата ќе биде ставена на разгледување пред советот на општина Делчево. Инаку, изработката на стратегијата е финансирана од ИПА компонентата за развој на човечките ресурси од страна на ЕУ, како локален партнер се јавува здружението „Бравура кооператива“, а имплементатори се Институтот за економски стратегии од Охрид и Македонското женско лоби од Скопје.

 

Советот на родители го усвои полугодишниот извештај за работата на ООУ Св.Климент Охридски. Директорот на учлиштето Валентина Михаиловска пред присутните родители се произнесе околу спроведените активности во 1 полугодие од учебната 2016/17 при што најмногу задоволство изрази од завршената реконструкција која се одвиваше во делчевската деветолетка, а во чии рамки училиштето доби нова ПВЦ столарија, направи преадаптација на 4 училници, го смени постоечкиот кровот на училиштето, со што реконструкцијата која во оваа училиште се одвивааше по повеќе од 30 години успешно е завршена.

Вкупно 12 одлични и редовни ученици од СОУ „М.М.Брицо“ со постигнати најдобри резултати и континуиран одличен успех, како и одлични ученици кои потекнуваат од семејства со ниски месечни примања, денес од страна на градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански, ги добија решенијата со кои во период од 9 месеци ќе бидат стипендирани со финансиски средства во висина од 1000 денари.

Со исполнет 124 процентен план на реализација, крводарителите од Делчево покажаа дека во изминатата 2016 година беа меѓу најактивните во државата. Ова се должи на фактот што тие се надминаа себеси и предвидениот план за реализација која беше зацртан од страна на општинската организација на Црвен крст Делчево, а изнесуваше 730 крвни единици беше надминат за 176 крвни единици, па така делчевчани во 2016 подарија 906 крвни единици и уште еднаш докажаа дека хуманоста минатата година им беше на прво место.

Во недела на 19.02.2017 година во Делчево ќе се одбележи 73 годишнината од реализацијата на февруарскиот поход во 1944 година.

Овој значаен настан од македонската понова историја одиграл огромна историска улога и оставил трајно влијание во колективната меморија на нашиот народ.

"Првата изградена атмосферска канализација во Делчево, дел од стратегијата за справување со последиците од климатските промени, беше одличен повод да се присуствува на меѓународната конференција за климатски промени", -изјави градоначалникот на општина Делчево, г-динот Дарко Шехтански за нашиот портал.

Тој заедно со поевеќе други градоначалници од различни краеви на државата, беше дел од панел дискутантите на овој значаен настан кој се одржа во кампусот на Фон универзитетот во Скопје, денеска (петок, 03.02.2017 година).

Општина Делчево активно се вклучува во изготвувањето на стратегијата за социјална инклузија на жени и млади, стратегија која ќе се изготвува во рамки на проектот Македонска активна платформа за социјална инклузија имплементиран од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи - Охрид и Македонското женско лоби од Скопје. Според Сузана Петровска координатор на проектот, конкретните чекори кои ќе се преземат на локално ниво е одржување на три работилници на кои ќе се разработува стратегијата за социјална инклузија на споменатата категорија граѓани.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна