Флеш актуелности од Делчево од регионот


Како ке познаете дека фамозната транзиција како општествена перцепција одеднаш ја снемало? Транзицијата со која како процес Македонија и повеќето посткомунистички земји безобразно без никаков срам и перде се соочуваа цели децении. Дали има некакви (било какви параметри) според кои би кажале дека транзицијата за македонскиот народ конечно ја нема?

Во оваа прилика ке се обидам да направам листа на такви индикатори, според моја слободна проценка. И сето тоа не го правам случајно, се уште под импресија на одлуката за популаризација на македонска телевизиска продукција и програма на редиодифузерите во македонското секјдневие, од страна на најново формираното министерство за информатички технологии (и администрација). Македонскиот народ е предолго во ходникот на транзицијата, така што кога доаѓањето до неговиот крај не смее да помине незабележително.

 1.Елиминирање во голема мера на суштинските врски со минатата држава и општествено уредување (читај комунизам, социјализам или југо носталгија).

По прогласувањето на независноста во 1991 година од страна на народот на тогашната Социјалистичка Република Македонија, оваа наша државичка се беше само не беше независна. Од системско уредување на институциите на државата до најобичните секојдневни навики на граѓаните на истата. Од сликата на Тито во Собранието на РМ, до лебот вулгарно наречен "Лепа Брена" кој се продаваше во ограничени количини и за кој мораше да се чека во редици. Е тоа беше почеток на транзицијата.Термин дотогаш непознат за народецот за кој штотуку изгреа новата зора на слободата. Пополека системот на државата започна де се реформира, но не и сваќањата на граѓаните (кога велам граѓани мислам на мнозинството т.е. грото на луѓе кои живееја тогаш под македонското небо).Денес во 2012 година се уште има луѓе кои што под капите носат југоносталгичарски дух, но, генерално мнозинството граѓани се насочени и оплеменети со капиталистички про-европски дух, кој е роден и трансформиран токму низ процесот на транзиција во РМ. Морам да го спомнам во денешно време по малку подзаборавениот аргумент на устоличување на процесот на денационализација на врвно државно ниво, со кој можеби за првпат покрај декларативната волја за расчистување со минатото (колку тоа и да биде безболно), се премина кон фактичка примена на овој концепт. Процесот можеби започна со денационализацијата, но секако мислам дека завршува со лустрацијата, која иако некако болно се прифаќа, сепак е одговор на очекувањата на мнозинството од граѓаните на РМ. Нивото на перцепција според авторот на овој текст за созреаноста на свеста кај граѓаните (мнозиннството) за отфрлање на стегите на транзицијата е толку високо што комотно може да се изнесе тврдењето дека токму овој погоре индикатор бр.1 е реален аргумент за бајатоста на транзицијата во Македонија.

    2.Иницирање на голем број на мерки, политики и активности за заштита на животната средина од страна на мнозинството граѓани и институции.
Во време на транзицијата, зелената агенда за Република Македонија беше ставена во најзапоставениот кош од севкупното општествено живеење на државата. Формирањето на политичка партија со зелен предзнак е само врвот на сантата мраз која под површината на морето содржи цел еден спектар на зелена мрежа на општественото битие кое растеше цели децении. Провинцијализмот и во оваа сфера се уште постои, т.е. негрижата за аспектите за заштита и унапредување на животната средина се уште е присутна помеѓу поединци. И веројатно така и ке остане. Но нивото на развој на зелената свест кај целокупното (читај мнозинство) чинители на општествениот живот во државата е толку високо што станува критично за пораз на снагата на транзицијата која губи на својот интензитет во овој поглед. Овој пристап се уште е потребно да се развива, во корелација со економијата и стандардот на населението. Токму здравата животна средина за македонскиот народ во себе инкорпорира одредби од општ интерес и делокруг на работа и егзистенција кои секако можат да бидат делени и по хоризонтала и вертикала, на различни сфери, но сите во себе го имаат тоа име. Дали тука ке зборуваме за популационо-демографска политика, стандард на населението изразено преку економски параметри, квалитет на живот, миграција на население, здравство, социјала, образование, екологија, уметност....Сето тоа е подредено на овој индикатор за создавање на здрава животна средина со предзнак условно "зелена" на народот кој го населува овој простор, мислејки секако на ова широко гледање на овој термин. И токму тој индикатор преку негова широка перцепција ми дава за право да го декларирам како една од причините за поразот на транзицијата од она што се нарекува демократија во Македонија по ранк блиска на просекот на ЕУ.
   3.Истрошеноста на влијанието на поп културите на соседните држави врз свеста на македонското бидие за себе-егзистенционализам.
На почетокот од последната деценија на минатиот век евидентен беше напливот на фолк музика и воопшто култура на македонски автори и исполнители. Веројатно овој тренд беше на некој начин континуитет на широката либерална културна политика на Белград кон федеративните единки кои ја сочинуваа тогашна СФРЈ.Овој факт потпомогнат од националистичките движењеа во Словенија, Хрватска, подоцна и Македонија па Босна и Херцеговина, Црна Гора и на крај Косово, кои во основа негуваа вредности на локал-патриотизам (во контекст на заедничката држава), на народот му влеваше дополнителен мотив за себе-промоција и афирмација, што на крај резултираше со огромен број незаборавни уметнички дела од тој период.На почетокот беше музиката преку еден Фолк фест Валандово, Цветници, Фестивалот на детска песна Златно славејче (кој несомнено е еден од предвесниците на македонското културно осамостојување со своето долгогодишно реноме и постоење), Вардар филм кој иако контролиран од надворешни елементи сепак наоѓаше начин за да проникне во рамки на тогашниот строг режимски простор со македонски идентитет и продукција, ослободена од прангите на српското тврдо "л".Секако во оваа корелација се надоврзуваа литературата (преку еден великан Славко Јаневски, Петре М.Андреевски, Гане Тодоровски и цела плејада на креатори и афирматори на македонскиот идентитет и значење), театарот, со голем опус на култни театарски претстави од македонска продукција итн.
Телевизија Скопје (МРТВ) во чии што ходници, бифеа и простории беа вгнездени најзакоравените структури на поранешниот систем, не беше воопшто ни реално ни возможно, да биде носител на осамостојувањето на македонското постоење во овој сегмент и пошироко во секој друг сегмент на државата поради влијанието кое оваа телевизија го имаше, кај народот. Токму оттука падот на оваа телевизиска куќа во секаков поглед беше неминовен и оправдан. Се до годината 2012 кога фениксот повторно се издигна од пепелот на сопственото опожарување.Токму оттука целокупниот прогрес кој е направен во изминатите 21-22 години во овој поглед на културна афирмација и заокружување на македонскиот идентитет преку она што значи изворно постоење, ми дава за право да посочам кон овој трет аргумент како индикатор за конечниот пораз на транзицијата на Република Македонија како процес кој тежеше на плеќите на ова парче македонско небо.
   4.Одлука за контрола на радиодифузните содржини кои ке зрачат во етерот во Македонија;
Несомнено оваа мерка е омилена на авторот на овој текст, и како лакмус се лепи во епруветата на вриежот на животниот циклус на македонската транзиција, според која драстично изразено се препознава крај на турбулентната традиција (21 година е речиси традиција во споредба со еден човечки живот) на транзицијата. Она што погоре го нареков раѓање на автохтон и апсолутно независен културен идентитет на македонецот, во почетокот на последната деценија од минатиот век, падна ничкум на колена пред суптилната Касандра, која се чинеше како директна инфилтрација на непријателот од највисоко ниво на македонското постоење, и тоа директно во домовите на сите македонци. Тотален пораз, кој резултираше со широка платформа на колеж на македонскиот идентитет, борбеност, и престиж. И сето тоа во најтурбулентните моменти на приватизација, трансформација на сите сфери од државниот интегритет и постоење. Касандра тогаш беше опијат за масите, кои некој не сакаше да си го трошат времето со реално суштинските работи кои и тоа како имаа што да кажат по однос на многу прашања.
Во овој контекст имам само едно прашање: Дали се сеќавате која беше личноста што ја доведе Касандра на градскиот стадион во Скопје? Со каква улога е таа личност денеска?
   5.Изразено коегзистентна надворешна политика на Република Македонија.
Кој не може да го види и свати овој аргумент од една т.е. индикатор од друга страна, нека се запраша кога Македонија водела поуспешна и што е многу поважно понезависна сопствена автохтона надворешна македонска политика. Политика пред која нема субјекти кои клечат на колена, но и политика која не клекнува на колена. Балансиран пристап, кој пред се е раководен од цивилизаторските придобивки на демократијата од антиката до денес. Секако овој индикатор е обременет од сите претходно посочени, како и со редица на други состојби во државата кои слободно можам да кажам дека се созреани до тој степен за да може да и завртат грб на транзицијата како довчерашната љубовница која беше обземена од "љубов" кон македонското тело и постоење и се она што се изроди од таа "љубов".

Транзиција во оној контекст во кој што беше актуелна последните 21 година во РМ, повеќе нема...
Револуција преку турбулентни методски практики, апсолутно не е оправдана и целисходна. Тоа впрочем како концепт неколку пати беше поразено од страна на општото мнение во државата.
Македонија е земја во која секој чекор е стабилен, на здрава "подлога", можеби тежок (зависи од перцепцијата и референтноста на гледање), но сигурен.
Тоа е клучот кој ја заклучи тешката врата на транзицијата.

100 години град. 100 години постоење на заедничкото живење. 100 години соживот, заедничко градење, 100 години успех и напредок. Се заедно, 100 години наше Делчево.

7-ми септември 1912 год. од овој датум ова наше мало место започнува да си ја гради сопствената историја. 

Во есента 1912 год. Србија,Бугарија, Грција и Црна Гора и објавуваат војна на Турција со цел да го заштитат христијанското население, оваа војна е позната под името Прва Балканска Војна. Оваа територија брзо била ослободена, резултирала со иселување на турското население.  Но борбите не застануваат тука. Балканските сојузници не навлегле во Македонија за да ја ослободат од турското ропство туку за да завладеат со неа, радоста на населението била попуста.

На 16 јуни 1913 год. започнала Втората балканска војна. Фронтот се задржал токму на територијата на денешната Делчевска општина. И онаа војна резултирала со многу жртви, а завладеала и колерата.

По завршувањето на овие војни Македонија била поделена на Вардарска, Пиринска и Егејска. По Букурешкиот мир, Делчево и околината биле под Српска власт, на чело на овој крај бил поставен Јован Бабунски со својата чета. Тој со својата чета вршел терор врз населението. Во 1914 Србија била нападната од страна на Австо-Унгарија. За да ја избегнат мобилозацијата , голем број мажи бегале преку границата во Пиринска Македонија. Тие што бегале таму биле мобилизирани во Бугарската војска и во 1915 биле испратени на Солунскиот фронт да се борат против Србија. Оваа војна била братоубиствена војна.

По формирањето на партиските организации и во Делчево била формитана првата партиска организација на КПЈ во декември 1919. Но после една години опстојување ова организирање морало да престане поради притисокот од страна на тогашната власт.

Подоцна во Народно-ослободителната војна геополитичката положба на Делчево како гранично и сообраќајно место условила тоа во германските планови да заземе значајно место.  На 5-ти април 1941 биле исечени телефонските врски, на 6-ти вечерта биле уништени граничните караули. И покрај отпорот кој го давале нападнатите војски , Германците успеале да пристигнат до мостот на реката Брегалница на 6-ти април 1941.

Во 9 часот на 6-ти април и официјално Делчево било заземено. Населението трпело терор, мачење и било окупирано се до 8-ми септември 1944 кога батаљонот на 4-тата македонска бригада навлезе во градот, со што бугарската фашистичка војска се предала, а народот со радост ги дочекала своите ослободители, била организирана воена парада. На 11 септември Германците повторно сакале да го окупираат Делчево, борби се воделе се до конечното ослободување на градот од фашистичките напади.

По ослободувањето Делчево го дочека голема стопанска заостанатост.Главно занимање на населението било земјоделството.Од тогаш наваму Делчево си ја гради сопствената историја, историја на развој и напредок, историја со која може да се пофали и да каже дека е успешна. 

Конечно по ослободувањето на 23 април 1950 год. президиумот на АСНОМ донесува одлука со која старото име Царево Село се променува и нашиот град го добива името Делчево во чест на големиот Гоце Делчев  чијшто споменик го чува и не потсетува на делото на овој голем борец за слободата и автономноста на Македонија.

Нека оваа река од мојата лева а ваша десна страна биде единственото нешто што го дели овој делчевски народ. Но можеме да градиме многу мостови, живееме заедно, создаваме заедно, праќаме јасна порака за соживот и сплотеност.

Каде и да одиме овде да се враќаме, да знаеме од каде потекнуваме, со гордост да кажуваме каде сме родени и каде сме израснале. 

А ако некој од нас незнае како изгледа рајот, доволно е само да се загледа што има наоколу, повеќе зборови не се потребни. 

Збор и глас, минато и историја, каква поврзаност помеѓу овие поими, непрекинлива врска.

Минатото е утроба во која е сместена иднината, татковината е жена, народот е маж. Јалова жена, без утроба неможе да ги роди децата на својата иднина. Камен околу вратот повеќе нема, нема кој да ти го отежнува патот. Додека се бореше да го достигнеш досегашниот статус... сега кога го достигна незнаеш каде да си го бараш чарето.

Но ќе помине време и ќе свикнеш на околината, на вистината и суштината на бремето. Додека газеше по студен метал знаеше да молчиш како риба, а сега рибата ја пуштија во вода и таа почна водата да ја пие.

Компарација помеѓу две непосредно блиски времиња, кога прво се посакуваше, а сега добивајќи го она што се посакувало само го држиме во раце без да правиме нешто. Ништо! Вака не бива!

Ова модерно време,некој од нас ги претвара во пободници на пасивизмот, но дека е редно да се запрашате и да се запрашаме самите, дали некој од нас не прави нешто повеќе? И дали барем еден од нас не влева надеж повеќе од другите дека сепак ќе се избори? .. И да, на крајот од краиштата секој си е со сопствената среќа, но само тој може да си ја направи поубава.

 Мене пак можете да ми врзете камен околу вратот и фрлете ме во средината на морето, јас пак нема да потонам. Тогаш ќе дојдат многу риби и ќе ја испијат водата и ќе ме спасат.

Моите зборови за некого можеби се мелем, а за некого стрела, за некој утеха, а за друг чума од која ќе бега како луд, но има Еден кој е над сите нас, и гледа, и суди, и знае да пресече онаму каде што е потребно, и зората ја предизвикува да се раздени, и очите да се затворат кога ќе наидат на прашина, и да даде дожд онаму каде што е суша.. и СЕ и Секому, а близу никому.

Тишината сто пати ме натерала да размислувам онака како што другите ретко размислуваат, дека сепак некој оставил нешто  кое го сакам и не го давам никому, ма како сакаат можат да го викаат ! Да за мојата земја зборувам, за онаа земја од која потекнувам, за онаа земја во која јас живеам, за онаа земја во чија што почва ќе лежат и моите коски. Да, за онаа земја која ке го дава лебот и моите деца што ќе го јадат.

Се молат сите за пристоен живот, а што е пристојност никој незнае. Нели е пристојно да можеш да спиеш мирно без да те мачат милионите долари што ги трошиш а не се твои? Нели е пристојно да премолчиш тогаш кога мислиш да излажеш?  Да,пристојно е, но на пристојност не ги научиле родителите на оние кои знаат да кажат дека државата пропаѓа, оние кои растеле во оној век кога, цитирам: се било најдобро и сите се имале . Тоа време одамна помина. Тогаш се било најдобро зашто неможеле да видат нешто  подобро, и имале се затоа што имало да се купи малку и затоа имале пари. Е вака кога би размислил ке сватиш дека сепак, времето во кое сега живееме не прави различни, секој на сопствен начин по тоа што го има или што го нема, но сепак знае да извлече од нас она што е најдобро.

Збор и глас, минато и историја, каква поврзаност помеѓу овие поими, непрекинлива врска.

Минатото е утроба во која е сместена иднината, татковината е жена, народот е маж. Јалова жена, без утроба неможе да ги роди децата на својата иднина. Камен околу вратот повеќе нема, нема кој да ти го отежнува патот. Додека се бореше да го достигнеш досегашниот статус... сега кога го достигна незнаеш каде да си го бараш чарето.

Но ќе помине време и ќе свикнеш на околината, на вистината и суштината на бремето. Додека газеше по студен метал знаеше да молчиш како риба, а сега рибата ја пуштија во вода и таа почна водата да ја пие.

Компарација помеѓу две непосредно блиски времиња, кога прво се посакуваше, а сега добивајќи го она што се посакувало само го држиме во раце без да правиме нешто. Ништо! Вака не бива!

Ова модерно време,некој од нас ги претвара во пободници на пасивизмот, но дека е редно да се запрашате и да се запрашаме самите, дали некој од нас не прави нешто повеќе? И дали барем еден од нас не влева надеж повеќе од другите дека сепак ќе се избори? .. И да, на крајот од краиштата секој си е со сопствената среќа, но само тој може да си ја направи поубава.

 Мене пак можете да ми врзете камен околу вратот и фрлете ме во средината на морето, јас пак нема да потонам. Тогаш ќе дојдат многу риби и ќе ја испијат водата и ќе ме спасат.

Моите зборови за некого можеби се мелем, а за некого стрела, за некој утеха, а за друг чума од која ќе бега како луд, но има Еден кој е над сите нас, и гледа, и суди, и знае да пресече онаму каде што е потребно, и зората ја предизвикува да се раздени, и очите да се затворат кога ќе наидат на прашина, и да даде дожд онаму каде што е суша.. и СЕ и Секому, а близу никому.

Тишината сто пати ме натерала да размислувам онака како што другите ретко размислуваат, дека сепак некој оставил нешто  кое го сакам и не го давам никому, ма како сакаат можат да го викаат ! Да за мојата земја зборувам, за онаа земја од која потекнувам, за онаа земја во која јас живеам, за онаа земја во чија што почва ќе лежат и моите коски. Да, за онаа земја која ке го дава лебот и моите деца што ќе го јадат.

Се молат сите за пристоен живот, а што е пристојност никој незнае. Нели е пристојно да можеш да спиеш мирно без да те мачат милионите долари што ги трошиш а не се твои? Нели е пристојно да премолчиш тогаш кога мислиш да излажеш?  Да,пристојно е, но на пристојност не ги научиле родителите на оние кои знаат да кажат дека државата пропаѓа, оние кои растеле во оној век кога, цитирам: се било најдобро и сите се имале . Тоа време одамна помина. Тогаш се било најдобро зашто неможеле да видат нешто  подобро, и имале се затоа што имало да се купи малку и затоа имале пари. Е вака кога би размислил ке сватиш дека сепак, времето во кое сега живееме не прави различни, секој на сопствен начин по тоа што го има или што го нема, но сепак знае да извлече од нас она што е најдобро.

Непреден револуционер-социјалист, наклонет кон оние кои нуделе идеолошко и политичко  решение за решавање на националното прашање, се со цел да привлечат поголем број на подржувачи во светот па и во Македонија, поетот Никола Вапцаров е роден во Банско, Пиринска Македонија на 7-ми декември 1909, како прво дете на Иван Вапцаров и Елена Везова, обата македонци, со протестантска веросиповест.

Самата Николова домашна атмосфера, во неговата душа вдомила два тека на љубовта: кон книгата и кон татковината. Уште како дете, директно неразбирајќи ја политичката состојба на земјата , тој сепак ги согледувал наметнатите функционирања на самото општество, и со чисти детски мисли можел да резонира што е добро а што не, благодарејќи на правилното воспитување  и дисциплина која ја попримал од неговиот татко кој бил комита.

Мајката на Никола, Елена раскажува... цитирам:

Еден ден тргнавме накај Добриште да се препереме и искапиме. Ги впрегнавме кравите и багажот го качивме на колата, а ние-баба Милана, тетка Марија, јас и Никола тргнавме пополека по неа. Од двете страни на патот Срби- чукаа чакал. Никола ги гледаше со очи полни љубов и сожалување. Особено еден од Србите му остави посебен впечаток- ја имаше врзано раката со бела крпа, по која се забележуваа траги од крв и со нажален глас и рече на баба си:

-Зошто, бабо, овој чичко, штом го боли раката, продолжува да чука чакал?! Нека си оди дома и откако ќе оздрави тогаш нека работи.

Баба му Милана го галеше по главата и се мачеше да му објасни:

-Тоа се Срби, бабино, и робови се. Не им даваат да си одат дома, та тука гладни и парталави работат.

Никола почна да повторува:

-Срби, робови, бабо! Толку жално! Нели е жално бабо?

Потоа пак се обрна кон србинот со врзаната рака, сосема решително рече:

-Јас ке ги ослободам, бабо. Ќе станам силен и сите ќе ги ослободам.

Помина повеќе време но тој оваа слика не ја заборави, и често повторуваше:

-Ами зошто, бабо, едни се робови а други ги тераат да работат? Нели сите се луѓе и сите треба да бидат еднакви ?

Баба му се чудеше како да му објасни на Никола, и му велеше:

-Така одредил Господ, чедо, едни да имаат а други да гладуваат. Едни да не работат ништо, а други да не исправат грб.

-Тогаш бабо, Господ не е добар. Тој лошо работи со лугето.

Од тука би го поврзале цитатот кој го напишала неговата мајка која во очај и тагување по својот син, по ресудата на Никола од бугарските фашисти,  ќе рече: Нема бог, но може да има. Ако имаше тој ќе ме слушнеше. Јас толку се молев да ми го спаси синот којшто се бореше за среќата на македонскиот народот, но тој не ме слушна. Или пак ако го има, тој е ѕвер... Го уништив во своето срце, Бога, но најдов во зборовите на Никола повеќе вистина: ,, Ако треба и ти ќе умреш за таа идеа,,- така ми рече тој. И тие негови зборови за мене станаа смисла на животот.

Можеби и под влијание на социјализмот во тоа време кога овие искази ги дала Елена биле такви какви што се,но сепак оваа жена,Вапцаров го израснува во морално високоформирана личност, а и нивниот дом под Пирин планина ќе биде мотив за првите вапцарови заносни приказни. Вапцаров ги знае и разгатнува сите легенди за оваа планина, а воедно нивната куќа ќе биде место каде што ќе се раскажуваат многу комитски приказни од устата на неговиот татко, за  Илинденското востание.

Тоа е една од многуте причини зошто Вапцаров си ја сака земјата, ја велича и пишува за неа. Но сепак онаа литература која денес нам ни е достапна, не ни ги дава оние информации кои се виситнити за неговиот живот, туку овозможено ни е да ги читаме оние дела на некои писатели на кои им било кажувано каква историја да пишуваат тогаш, а по логика на нештата и доколку се има малку пошироко познавање на тој период во кој Вапцаров творел секој самостојно би дошол до сопствен и точен заклучок.

Како и да е, за Вапцоров приоритет бил националното движење за независна Македонија бидејќи дотогашните уредувања во Европа не нуделе никакви решенија за Македонскито прашање.

Созрева во период на интензивни политички и економски пресврти како во Европа така и на Балканот, во која на една страна стои Западна Европа со капиталистичко уредување, а на друга Советскиот сојуз, а Македонија се наоѓа под тројна окупација. Токму поради таа причина, борбата за егзистенција го доведува младиот Никола, недовршен ученик на гимназијата во Банско и Разлог, на школување во далечниот голем град на Црното Море-Варна,се со цел да си обезбеди своја егзистенција. Перспективата е: морско-машиноско училиште, со кое сигурно ќе пронајде работа. И така, наместо да ја заврши гимназијата и да продолжи на студии по литература, идниот поет треба да ја пренасочи својата љубов кон машината.

Престојот во Варна ќе го тера Вапцаров на залагање за праведно општество, и така сиот труд на мајката што го учела синот на љубов кон пишаниот збор и човекот конечно си го пронаоѓа својот извор и бликнува во борец за народни права и поет на народната борба.

Тој поради состојбата во која се наоѓа, тој наоѓа утеха во неговите предвидувања дека така би бил поблиску до народот и дека така полесно би ја опишал неговата мака.

Елена кажува:

-Првите писма на Никола беа тажни, во нив јасно проличуваше неговата тага по нас, по малечкото родно гратче, по Пирин планина. Но, навиката, таа неумолива учителка му се наложи и нему. Или, можеби неговото запознавање со новите соученици, наоѓањето на адекватна книга му помагало да ги совлада тие тешкотии. Постепено од писмата почнува да му исчезнува маката, тие станаа се подобри. Никола го засака морето, ги засака своите другари, а беше го засакал дури  и суровиот касарниски живот. Таков си беше тој-секоја работа што ќе ја зафатеше, ја вршеше со љубов и во се го бараше убавото. Имаше луѓе во училиштето кои тој ги мразеше, но , имаше и такви, кои му се провираа низ суровиот живот во срцето засекогаш.. Таков беше тој.

Во некои писма, и многу подоцна, пролишува неговото остро реагирање на социјалната неправда:

-Мила мамо, насекаде животот е таков-едни се прејадуваат а другите гладуваат. Насекаде мизеријата убила се човечко.

Неговата борба за опстанок повторно се претвора во леарница на зборови излезени од нови мотиви.

По завршувањето на неговото шестгодишно образование, Никола Вапцаров повторно е во недоглед, тешко е да најде работа, но со неговата струка и може некако. Се вработува во  Бугарската горска инустрија, во село Кочериново, Дупничко (денес: Станке-Димитровско) како машински техничар. Во слободно време се занимава со културно-просветителска дејност, во напор да ги организира работниците и да ги зближи за идни акции во борбата за здбивање на нови права. Поставува на сцена неколку пиеси, предава на различни теми и другарува со работниците.

Откако отпочнува големата економска криза во Бугарија, почнуваат и Николовите најтешки години од неговиот живот. За тоа говори Бојка, неговата жена. Тогаш им починува и детето, Никола се разболел,ни ништо не го запрело во борбата за народна правда.

Работниците Васил Иванов Чорлев и Мордоше Маџар се сеќаваат за тоа време:

-Тука во фабриката Кољо го набљудуваше нашиот живот, ги опишуваше нашите тешкотии и како резултат од сето тоа, тој напиша една драма за жестоката експлоатација на работничкиот труд од сопствениците на фабриката, за заштита на нашите интереси. Таа книга се читаше и препишуваше од работниците, но тоа остануваше скришум од власта и од сопствениците на фабриката. И како механичар тој непрестано читаше, не учеше како треба да се бориме за заштита на нашите интереси и ни го покажуваше нашиот пат за спас-општата борба и нашето единство. Меѓу нас-работниците, во нашито труд и живот, Кољо се измени, тој научи многу нешто од нас и во исто време стана наш учител и раководител.

Неговата жена Бојка раскажува:

-Немаштини налегнаа брз нашето семејство. Беа тоа денови на тешки искушенија. Детето ни почина. Кољо падна болен. Без постојана и самосвесна поткрепа на неговите другари, бездруго ќе подлегнеше под гнетот на мизеријата. Во почетокот на нашиот заеднички живот. Годините 1936 и 1937 беа најтешки. Но ништо не успеа да ја скрши неговата воља за борба. Тешкотиите и искушенијата продолжуваа, неможеше да најде работа. Најпосле, по долго барање, се вработи како техничар во мелницата на браќата Бугарчеви во Софија, при најтешки услови: 12-часовен работен ден и тоа само ноќна смена, а машината испушташе јаглен-диоксид. Со цената на одречување од секојдневната починка, од својот сон, од секојдневните радости на животот, тој не престануваше да пишува. Во прогресивните весници и списанија се среќаваа негови стихови. Со ретка упорност и амбиција работеше над нив. Се подзаслушнуваше во критиките, прецртуваше, поправаше повеќекратно а понекогаш уништуваше цела стихотворба и почнуваше од ново. Со стохозбирката ,,Романтика,, ја доби наградата на анонимниот конкурс објавен во списанието ,,Летец,, . Исто така го освои и конкурсот за радиодрама, но откако го дознаа добитникот не ја објавија. Ги напушти браќата Бугарчеви и се вработи како ложач бо Бугарските државни железници. Но и тука работата беше многу тешка и неколкупати се разболе. Премногу скромен, секогаш поднасмеан и бодар, тој никогаш не се жалеше. Да работи, да се бори против фашизмот, да пишува стихови, тоа го сметаше за свој долг. Неговите другари, гледајќи му ја тешката состојба, му помогнаа да влезе на работа во кланицата. Тука работата беше исто така мошне тешка, особено одвратната миризба, но во споредба со поминатите беше релативно лесна и, најважното-располагаше со повеќе слободно време. Мене исто така ми се згоди да најдам работа за постојано, та веќе имавме достапно леб. Тоа му даде можност  да ги збере и подреди напишаните песни во стихозбирката ,,Моторни песни,,.

Бидејќи никој не сака да му ја издаде книгата тој со сопствени сретства го прави тоа, па ја издава книгата само под името Никола Јонков бидејки уште тогаш бил регистриран како личност опасна за државата.

Помеѓу своите пријатели бил многу почитуван, а исто така и помеѓу одредена широка читателска маса на луѓе.

Тој ги организира и бугарските техничари. Го издава весникот ,, Технички глас,, и е член на нелегалното раковотство на синдикаланата организација на техничарите. Влегува во раковотството на партиската организација на индустрискиот квартал во Софија. Тој исто така се ангажира и во протестните акции  против фашистите. Учествува во таканаречената ,,Соболева акција,, во Разлошко, за што ќе биде затворен и од полицијата, но по судската расправа ќе биде ослободен заради одлична самоодбрана и подршка од пријателите. Протеран е од родниот град како "опасен елемент".

Во 1941 во Софија го издава весникот ,,Литературна критика,, кој наскоро потоа бил забранет. Бил под постојан надзор од полицијата. Бил интерниран три месеци во Годеч. По враќањето од таму уште поинтензивно се залага во револуционерната дејност. Станува помошник на полковникот на советската армија илегално префрлен во Бугарија Цветан Радојнов. Работи активно како член на БКП .

4 март 1942, полицијата повторно го затвора. После четири месеци, подложен е во дирекцијата на полицијата во Софија на жестоки измачувања. И заедно со Антон Панов осуден е на смрт, без право на жалба, од страна на фашистичкиот воен суд.

На 23 јуни 1942, во 11 часот, во присуство на најблиските, изречена е пресудата. Истата вечер, во 21 часот и 10 минути, заедно со петмина свои другари е стрелан.

Опис на неговиот последен ден од животот  дава неговата мајка Елена Вапцарова, која вели:

-Полицијата не знаела се од провокаторот и затоа го подложила на нечовечки маки Никола. Подоцна, тој самиот ни раскажа, кога веќе беше во затворот и јас со ужас му ги погледнав осакатените раце. На прстите немаше ниту еден нокт. Тоа не беше најлошо-рече тој, имаше и полоши нешта... но нели минаа..

Но гневот понекогаш му навлегуваше во градите и тој веќе си го откриваше срцето и со свиени црни веѓи мрачно ми велеше: Кога ќе дојде нашата слобода, мамо, одмаздете му на Гошев за мене, одмаздете му за другарите, за маките на кои не подложија..

Јас го гледав со љубов и со болка. Нему му беше мачно дека јас страдам, но, не сакаше да ме заблудува – јас требаше се да знам. Тој имаше желба да го разбуди кај мене тој гнев кон фашистите, што гореше во неговото срце и ако е потребно и јас да го продолжам неговото дело.

Во затворот извршил повеќе обиди за самоубиство, но бил спасуван. Елена раскажува за син и во судницата, пред неговото убиство:

-Кога за прв пат влегов во големата сала, погледот ми го побара мојот син. Сите ми беа мили, но мајката првин сака да го види своето момче, каде и да е тоа. И јас го видов. Рацете му беа заклучени во белегзии но лицето му беше спокојно и чисто. Штом ме виде, по него се разлеа топла насмевка, која му беше својствена само нему. Веројатно од очите ми потекоа солзи и тие солзи го огогчија, затоа што тој ги крена своите раце заклучени во белегзници и така ми даде да разберам дека му е непријатно да плачам . Се помачив да му се насмевнам и сега неможам да разберам каква ли била во тој момент мојата насмевка, кога срцето просто ми се кинеше. Се околу мене да трепереше во некаква магла-само исто го гледав сосема јасно. Го видов исправен и горд како зема збор и се мачи да ја преземе и тука вината на сите врз себе:

-Ако сум направил нешто против вашите закони,сум го сторил тоа само јас, другарите мои незнаеле што прават-мислеле дека ми прават услуга лично мене

-Што ли му одговорија судиите-незнам...

-Никогаш,до крајот на својот живот,нема да го заборавам тој последен разговор со мојот Никола. Првите зборови штом ме виде..

-Ајде бе факирко (овој збор ние го употребувавме како кутрата), како си?

-Ами ти, Николо, како си ти?- го запрашав јас и солзите ми бликнаа- не можев веќе да ги задржам.

Никола го остави шеговитиот тон,со кој сакаше да ме успокои, и сосема сериозно ми рече:

-Не треба мамо,не бива да плачеш..

-Како сакаш ти од мене,Николо, таква надчовечка сила,да гледам дека мојот роден син оди на растрел и јас да не плачам?

-Не бива, скапа мајко кралице, ти си родила борец, а крајот на борецот е или слобода или смрт. Житното зрно додека не се зарие во земјата,не дава плод. Ти сама ке видиш како од мојата смрт че се родат илјади борци за правдата..

Јас си ги апев до крв усните и се мачев да го задржам липањето, што ми извираше од градите. Никола ме гледаше нежно, внимателно и ми шепнеше:

-Не бива да плачеш, но ако е потребно и ти ќе умреш за таа идеја.

Потоа тој се обрна кон Бојка и со нему својствена топла нежност и рече:

-Јас сакам ти да станеш архитект,за идните дворци што ќе се градат за децата.

Потоа ги одведоа кон стрелиштето. Помладите, коишто можеа да трчат, јурна натаму, а нашите стари, премалени нозе не не послушаа да не одведат до таму. Кога попот им го поднел распетието на осудените, мрморејќи ја својата молитва, Никола му рекол:

-Јас не верувам во никаков бог, но за времето, дури ќе ми читате, дозволете ми да испеам една песна

Џелатот се приближил да му ги врзе очите но тој ја растресол главата:

-Јас не се плашам од смртта-ќе ја пресретнам со отворени очи!

И запеал, така запеал, како што пеел осудениот од неговата ,,Песна за човекот,,. Запеал не друго а оној незаборавениот куплет од песната на Ботев:

Тој што во бој за слобода гине,

нема да умре: за него се е

в жал-земја, небо, и ѕверовине,

и поетот песни за него пее.

Ја потфатиле и другата песна. И во тој момент тунелот екнал од грмежите. Не издржале џелатите-побрзале да ги ликвидираат поскоро пламените борци кои ништо неможеше да ги исплаши...

Не е воопшто на одмет да се знаат сите овие поединости што ги изнесува херојската мајка за својот херојски син. Не е на одмет ни ако уште еднаш подвлечеме : Македонија ги роди!

Под месечевите зраци збрани, растреперени од виорот на времето, Вапцаровите чувства испишани на обично парче хартија а толку значајни и бодри, те тераат да си размислиш за твоите дела кои сега се мали, исто како неговите тогаш, а сега неговите се исто толку големи колку што ќе бидат твоите после години ако ги правиш со исто толку љубов.

Ѕидови на својот пат секој има, ама Вапцаровите беа најдебели, камењата од кои беа ѕидани беа политичките престројства во неговото време, а калта која беше меѓу нив, беше леплива од испреплетеноста на вистината со она што се посакуваше да се направи и против него и против сите останати.

Изобилство од зборови кои нудат пространство од своина, докази за она што било, она што сме биле, она што сме, а она што ќе бидеме- незнаеме.

Истрасирана патека, изгазена трева на минатото, сокриени мисли а толку искрени, како никогаш точни, кои нудат надеж ..

 Неговото тело беше зрно пченица закопано во почвата,а годините што следуваа беа плодни. Така на плодот од тогаш до денес се насладуваме .

И пред да го сотрат со оловни зрна, тој без ниту еден нокт на прстите се смееше, и собра храброст пред својата смрт да запее.

Гранката на која седеше, народот му ја пресече. Се бореше за народот, а народот тој не успеа да го одбрани. Дозволи да го убијат, да ја сотрат таа сила.

На душманите само тој успеваше со перо да им кине парче кожа, кревајќи му се косата на главата од неправди, реши да загине во борба против фашистите.

Го убија! Го сотреа! Нанишаниа со злоба и отров од душата истрелаа, а потоа видоа дека погрешиле и сега ни го крадат. Бегајте зли кучиња, отргнете се од чесниот народ, оној народ чиишто прсти не се криви од перо туку од мотика, очите не се црвени од пијанки туку од непреспиени ноќи во кои гласно се прашувале: Дали ке дојде утре? И ако дојде.... но нека дојде прво !

 Ти мајко знаеш ли за кого си ронела солзи? Кого си носела девет месеци под срце? Знаеш ли ужалена мајко што тој направи за нас, за овој црн народ?

Не  мајко, ти беше сведок... но нам времето ни покажа и докажа до каде сме и каде сакаме да стигнеме. Ни покажа и докажа дека без минатото сме никој и ништо, ни покажа и докажа дека без него ние денес не би биле НИЕ.

Секој ред поезија што следи , го читам со исто толку восхит и разбирање како оној што поминал. Но не го заборавам, тој сведочи за нашето минато а истовремено ја предизвикува иднината. Да дојде, да не понесе и однесе онаму каде што целиме, да ни ги вреже оние имиња на лугето кои зад себе оставиле големи дела.

Вечна ти слава голем поету, вечна ти слава земјин сину !

Хит, што беше тоа? За мојов животен век, релативно краток, анализирајки го периодов кој поминал, со сите негови белези, личности, настани-битни и помалку битни од оние најбитни, таму некаде далеку назад се сеќавам како оние кои носеа високи потпетици додека јас носев кондури број 32 кубеа коси на убави момци со уште подобри гласови, додека совршено измоделирани рефрени зуеја на сите страни, и секоја чест за оние кои знаеја да слушаат. Но што се смени? Уф и тоа многу се смени. Сега јас носам високи потпетици и сакам да слушнам добра песна со кириличен фонд, ова де, на македонски. Но нема! Што да слушнам? Вештици, манекенки, милионери, мафијаши, министри, дади? Што е следно што ќе проба да ме убие,онака да ми ја дирне душата и да ме „осреќи“ во музичка смила.

Горенаведениве „функции“ се само дел од мотивите кои ги црпат нашите “композитори“.

Многу наводници во претходнава реченица. Време е за промени! (да не речам за преродба) . Било каква, било кога, било како..но мора нешто да смени, мора! Е сега ни останува само да размислиме како? Како? Како? И уште сто пати да прашам одговор ќе нема. Жално. Жално е кога гледаш девојче кое игра на некоја турбо-фолк песна со смешен текст испеана од уште посмешно (с)облечена Цуца, и готово таа е идол на девојчево. И каква иднина нас не очекува? Какви деца ќе израснеш, о Македонијо?! 

Е сега,за да го поврзам насловот со македонските хитови ќе морам да дообјаснам. Знаеме дека хит во буквален превод од англиски на македонски значи удира. (Во срце ме „удираат“ мене овие денешни хитови, затоа уште си се тешам со песни направени пред 2004-2005, и уште две три од поново време). Е сега д роуд или патот е оној по кој искрено ке ги замолам таквите хитмејкери да го поминат со цел да се дообразуваат или да отидат на некој концерт за да слушнат што е Хит. А за Цуцата се изјаснив, не потребно повеќе да се каже. 
Се додека има такви појави како овие на т.н. македонска музичка сцена јас ќе си се тешам со хитовите на Славе Димитров, Нина Спирова, Драган Мијаковски и многу многу други. Секоја чест мајстори, не е лесно да се испее текст на Ацо Шопов. 
Затоа Цуци, Хит д роуд (удрете го патот) и научете нешто ново, не изгледате ни најмалку вкусно, ниту пак паметно. За крај можам да се кладам дека пола од вашите родители кријат очи со дланка, а пола од нив ви се восхитуваат. Жално, ама поминало времето за да ве превоспитаат.

Бели мугри е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор близу Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени во 1938 година.

Стихозбирката е испечатена на 25 ноември во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавува под псевдонимот „К. Рацин“.

Црвен наслов на корицата, а над него името К.Рацин. Импресивен симболичен наслов што означува премин од темнината, од тешкото ропство што го носеше неговиот народ кон светлината на денот што се раѓа, чекорење кон новиот ден на деновите.

Извонредно крупен настан во културната и политичката историја на македонскиот народ и пошироко. Тоа е врвен дострел на неговото творештво. Дело неделиво од неговиот живот и неговото класно и национално определување. Дело со кое ги потврдува можностите за изразување и на најсуптилните чувства на јазикот кој е забрануван и одрекуван. Творечки се потпира врз достоинствата што ги носи македонското народно епско и лирско творештво збогатени со сопствен творечки однос. Се создава поезија изворна и своевидна, автентична и длабоко доживеана со јазик на убавината. Со полна поетска сугестивност и емотивност ги изразува црнилата на животот на македонскиот човек и вечните стремежи на човекот за подобар, поправичен свет, песни што ќе ги отворат прозорците за племенит културен натпревар со другите народи во светот. Со „Бели мугри“ се отвори пат на современата македонска литература и така Кочо Рацин стана основоположник на современата македонска литература.

Полицискиот режим ја оценува големината и значењето на оваа книга во будењето на националната и класната револуционерна свест, на самосвеста на македонскиот народ и отпочнува со голема потера по авторот и книгата „Бели мугри“. Се испраќаат потерници од Министерството за внатрешни работи и банските управи до сремските начелства и испостави за запленување на „Бели мугри“ и за апсење на Рацина.

„Бели мугри“ од Самобор по разни патишта се пренесува низ Југославија и како буревесник ја огласува свеста на македонскиот човек за неговите права на слободен живот.

Со неговото перо се искажува богата творечка природа, што извира од корените на животот, на угнетениот и поробениот народ, за да мине во пркос и отпор, за чекорење кон сончевата слобода. Со својата поезија на македонски јазик, тој ги создаваше вредностите на македонската национална култура и го објавуваше нејзиното право на слободен развиток токму во времето кога беше одрекувана и забранувана.

Рацин го завршува животот на трагичен начин. Вечерта на 13 јуни, додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, смртоносно бил застрелан од стражарот којшто го чувал пристапот кон печатницата.

kocho racin1

1.ДЕНОВИ

2.ПЕЧАЛ

3.СЕЛСКА МАКА

4.ТУТУНОБЕРАЧИТЕ

5.ЛЕНКА

6.ПРОШТАВАЊЕ

7.БАЛАДА ЗА НЕПОЗНАТИОТ

8.ЕЛЕГИИ ЗА ТЕБЕ

9.УТРОТО НАД НАС

10.ТАТУНЧО

11.НА СТРУГА ДУЌАН ДА ИМАМ

12. КОПАЧИТЕ

ДЕНОВИ

Како на вратот гердани

ниски камења студени

така на плешки денови

легнале та натежнале

Денови ли се - денови

аргатски маки големи!

Стани си утре порано

дојди си вечер подоцна,

наутро радост понеси

навечер тага донеси -

ај, пусти да е, пуст да би

останал живот кучешки!

Роди се човек - роб биди

роди се човек - скот умри,

скотски цел живот работи

за други туѓи имоти.

За туѓи бели дворови

копај си црни гробови!

За себе само ргај си

за себе маки тргај си -

нижи  си гедан денови

нижи си алки ковани,

нижи си синџир железен

околу вратот навезен!

Со оваа песна Рацин го изкажува  своето незадоволство, од тешкото ропство што го носеше неговиот народ , кон светлината  на денот што се раѓа.Чекорење кон новиот ден на деновите. Секој ден за македонскиот народ бил мачен, луѓето работеле за едно парче леб, и пак ништо не добивале. Иако толку макотрпно работеле, надежта била онаа што ги држела на нозе, да го истрпат денот што доаѓа и си оди. Секој ден македонскиот народ се борел за подобра иднина, за подобро утре, знаејќи дека еден ден таа нивна мака ќе се исплати, да ја видат својата земја слободна, ослободена од сите стеги и ропства. Тие денови биле за нив синџир железен, и навезен околу вратот, од којшто секој ден чекале да се ослободат, и да ја видат светлината, односно преминот од темниот тунел кон светлината.

ТУТУНОБЕРАЧИТЕ

На кантар студен со туч го мерат

а можат ли да го измерат,

нашиов тутун - нашава мака

нашава солена пот!

Од темни зори на утрини летни

до никоја доба на вечери зимни

тој гладно пие тагата наша

и потта и крвта и снагата ни.

Ж'лт - ж'лти прави лицата бледни

и ж'лта гостинка у градите носи.

По утрини росни, по мугрите пресни,

наведени ничкум по полињата родни

зачмаени ние го береме.

Лист по лист кини

лист по лист нижи

лист по лист превртуј, притискај,

лист по лист милно, таговно реди

и на долга низа од капки пот

и надеж со клетва и зелена јад,

со корав поглед на очите матни

по кревките лисја ж'лтозлатни

прикаска горка на живот клет

нанижи безгласна а така јасна.

Та незнаш ли?

Денот ли дојде тој да се мери -

мерка му нема, а в градите длаби

без да се запре, без дно да најде

не тага а клетва, и во очите матни

и не сакајќи сама се дига

фуријата.

Кантарот носи лисјето златно

а в гради луто далгите беснат

на ж'лтата мака - на ж'лтиот тутун

на ж'лтата пот на рацете ни!

Со ништо не можела да се измери маката на македонскиот  народ, кој дење и ноќе постојано работел на полето и го берел тутунот. Тутунот бил оној кој ја пиел маката на нашиот народ, претворајќи ги нивните лица од бели во жолти. Тешката мака ги принудувала тутуноберачите да продолжат да ги нижат лисјата туутун. Нижејќи ги лисјата тутун, тие тажно меѓу себе си раскажувале приказна тажна, за животот тежок и мачен. Толку бил долг денот за тутуноберачите, што тие не знаеле како ќе заврши денот, дали ќе успеат да го нанижат целиот тутун, зошто земјопоседниците уште повеќе ќе ги мачеле да ја завршат својата работа. Нивната пот станала жолта пот иста како и самиот тутун.  Пораката на Рацин со оваа песна била ’’ Организирајте се , борете се за слободна продажба на тутунот’’.

KocoRacin

ЛЕНКА

„Биљана платно белеше...“

Откако Ленка остави

кошула тенка ленена

недовезена на разбој

и на наломи отиде

тутун да реди в монопол -

лицето и се измени

веѓи паднаја надолу

и усти свиа кораво.

Не беше Ленка родена

за тиа пусти тутуни!

Тутуни - жлти отрови

за гради - китки розови.

Прва година помина

грутка в срцето и легна,

втора година намина

болест ја в гради искина.

Трета година земјата

на Ленка покри снагата.

И ноќе кога месечко

гроб и со свила виеше

ветерчок тихо над неа

жална и тага рееше:

„Зошто ми, зошто остана

кошула недоткаена?

Кошула беше дарована...“

Со оваа песна Коста Солев Рацин ги изразува црнилата на животот на  македонскиот човек, како и неговата вечна борба за подобар и поправичен живот.  Само за да преживее, и за да опстане , самиот мачен живот ја принудил Ленка да ја остави ленената кошула, и да реди тутун за  да заработи за живот и  да преживее. Толку била тешка работата што целата снага и опаднала,  усните од меки и станале корави. Заради таквиот ропски живот на Ленка и поминала целата младост, со работа со мака. Три години младоста ја оставила редејќи тутун, од тие тешки денови таа се разболува, од тие отрови и на крај умира. Ленка за да опстане во својот живот остава се и иако кошулата што ја везела била даровна, таа сепак не успеала да ја довезе поради таквото робување.

Сепак фрлам поглед онаму, кон прекрасниот зелено-сивкаст зенит. Онаму каде моите коски се хранеа. Онаму каде каменот е потежок од бетонот, воздухот полесен од рамнодушната сина во облачните ткаенини, сонот поголемо јаве од сегашната трезност. 

Игнорирајќи го проредот на моите и  стапките на моите сограѓани, избледе и можноста за траги, во зрела целина и расеаната кроткост прерасна во кубистички распрскан блесок. Не сакам да го негирам сето она што ме хранеше, не сакам ни малку да помислам на отфрлање на моето гнездо каде спијат моите први спомени, не успевам да ја препознаам поентата во отуѓувањето на тамошното бидување. Уште помалку го вреднувам успехот во пронаоѓањето на убавината во “другото дома”, наспроти силната потреба од забележителен прогрес, којатргнала од  таму, а би застанала некаде. Веќе долго време се обидувам да ги спојам двете паралели кои ми го нуделе суштинското живеење, за жал сеуште неуспешно, од причини многу, меѓу кои ладнокрвно би издвоила една која ја носи со себе цената на очигледната разлика. Раниот пресврт ме однесе таму, каде и го запознав мирот, убавината на топлиот дом и шареното секојдневие. Кога би тргнала од аголот каде лежи позитивата на животот во Делчево, сигурно би се движела дијагонално кон спротивноста која ја носи животот во градот каде студирам, и обратно. Но дали и колку е сериозен проблемот на таквите споредби? Сигурно е  една од сериозните споредби, но не  би рекла дека е една и од клучните.

02 barbara

 Ако искреноста треба да замени еден колаж, многу коректна постапка е да првичните скици бидат олицетворение на еден суштински реализам, без разлика на нивната сложеност односно едноставност. Да умееш да живееш онаму каде правилното нема допирна точка со неправилното, каде ударот не е повеќе болен од возвратениот, каде поддршката и нејзиниот противник играат шах во библиотека, моралното го губи сјајот но не и својот квалитет, тогаш признај дека комплексноста на тамошниот живот е една едноставна “теретана”.  Не можам своето искуство да го наречам необично, напротив, обичниот пристап укажува на една сеуште задржана нормала која или го корегира животниот прогрес или придава минимално значење на една смирена бучава таму и сега, под небото – над тоа парче земја.

03 barbara

Можеби и не се потребни зборови, кој би знаел? Можеби молкот би бил само “паметно” оправдување на убавината на еден духовен луксуз. Не, не мора да значи, воопшто, а и зошто би значело? Зошто е тема? Зошто е прашање, и зошто одговорот е неколку планини потежок? Каде живееш и зошто тоа е твој дом? Зошто туѓина? Да, едноставни прашања, но зошто едноставни? Стремеж со прст вперен во очите на подоброто утре? Итање? Кал или песок? Што мислиш, би избрал? Дали воопшто тоа го сметаш за избор? Не бираш, знам, ти газиш. “ Тоа е, што да правимe” е површината на брановите.  Проблем е што ни дното ни површината не се гледаат.  Проблем е што борбата за излегување на површина е силна потреба, но но е  повеќе вкусна односно лесна од гушењето и бревтањето до самото дно. Остануваш? Да! – Одлично, заедно сме. Знаеш, не можам сам. - Како мислиш, не можеш сам? - Не би тонел сам!... Се прашувам, зошто баш тоа поднебје пушти крик во 1876 година, ги извади своите канџи во името на слободата, и  искрвари? Зошто толкава храброст? Зошто сега молк за парче леб? Ја добивме слободата, зарем сега лебот е на ред?

04 barbara

Но еве, се насмевнуваат годините, можеби наѕираат искршени заби, но барем има насмевка. Можеби капутот е произведен во времето на Југославија, но барем е “закрпен”.  И чевлите се стари, дали тоа е  сериозен проблем? Не е, служат сеуште. Што остана? Речиси се, освен тоа што не останало. Да, на тоа мислам цело време.  Далеку од  хоризонтот, сеуште гори свеќата на надежната младина. Се прашувам, дали има потреба од виновен? Не, како што одминуваат годините, лицата на виновните избледуваат, стареат, брчките повеќе од јасно им се исцртуваат, и ако веќе староста победува, тогаш би немало потреба од потрага по таквите. Младоста е тука, да доврши или со неколку монети купи ново перо и мастило и почне шрктање на нов лист. Веќе монотоната објективност го засени раскошот на субјектот, и тоа е факт. Многу субјекти заедно би можеле да изградат совршено уреден хаос. Хаос каде конечно животот ќе пушти чекор понапред од претходниот таканаречен “ борба за леб” .  Всушност, се се сведува на тоа.

06 barbara

Школувањето и  потребата односно нужноста од социјализација  се само едни од клучните фактори кои имаат некое директно влијание врз “бегството на младите” , меѓу кои сум и јас. Кога јас би била прашана, со голема страст ќе потврдам дека сакам да отидам и подалеку, вон границите на Македонија. И кога јас би била прашана, со потполна сигурност би одговорила дека не го сакам сивото небо кое го краси градот каде студирам, уште помалку го сакам значењето на штоперицата и стресот кој тоа го носи, и дека студирам тука бидејќи немам финансии за подалеку, но и дека, доколку би постоела ликовна академија во Делчево, радо би студирала таму.  Знам дека не сум единствена кога станува збор за тоа, и токму тоа ме радува и во исто време растревожува при помислата дека мојот убав, мал и мирен град се празни со секое постепено исчекорување на младите, надвор од неговите прегратки. Го  сакам Делчево, радо би се вратила, посекако земајќи го во предвид неговото исчекорување напред, кое треба позитивно да резултира. 

Парите како основен платежен систем еволуирале пред неколку векови. Сите економски системи во светот - социјализмот, комунизмот, фашизмот, па дури и да ја надминале слободната иницијатива  - овековечат социјалната еволуција, национализам и расизам,примарно  сe базирани на економски разлики.Во фундаменталната дефиниција на слободната и отворена пазарна економија стои дека се додека еден општествен систем користи пари или методологија на  размена на стоки, луѓето и нациите ќе се обидуваат да го задржат економскиот натпреварувачки дух, за напредок на целокупното општество во целост, движејки се кон прогрес и позитивни промени. Ние денеска сè уште ги користиме  истите овие застарени методи.

Факт е дека нашиот актуелен светски монетарeн систем не е способен за обезбедување на висок стандард на живеење за сите, ниту пак може да се обезбеди заштита на животната средина, бидејќи најголем мотив во суштина на сите современи државни системи е профитот, а не грижата за вистинските придобивки кои може да ги понуди животот како таков. Неопходни се нови стратегии за контрола на парите, и промена од корен на капитализмот кој се надеваме дека ни е познат во целост. Со доаѓањето на автоматизацијата, сајбернацијатa, вештачката  интелигенција , развојот на компјутерските технологии со вртоглава брзина,  ќе има постојано зголемување на замена на луѓе од страна на машини во работниот и произвотствениот процес, со дрстично намалување на живата работна рака. Како резултат на тоа, многу малку луѓе ќе можат да купуваат стоки и услуги и покрај  способноста на општеството да произведува во  изобилство, ќе продолжи да се зголемува јазот на разлики помегу различните економски фактори, како и различните имотни слоеви во општеството и помеѓу народот.

Нашите сегашни, политички и економски застарени системи не можат да се применуваат со интензитет на  вистинска корист на иновативната технологија, денес за постигнување на најголемо оптимално добро за сите луѓе, и за надминување на нерамноправностa помеѓу луѓето. Светската технологија е многу напред и зазема се поголем замав за во блиска иднина, но  нашите општествени економски дизајни останаa релативно застарени и конвенционални. Со други зборови економската  промена и диспаритетен економски развој не е во чекор со технолошките промени, во глобалните светски трендови.

Дали парите како реалност во сегашноста се пред прагот на криза во времињата, што следат? Секако во било која форма и облик на  манифестација, во суштината која им беше доделена и егзистираше како таква со векови наназад во историјата.

И во најкрајна линија дали економските системи се поставени на реално здрави основи за да се соочат со предизвикот на иднината "обременет" со силен инпут и доминација на високата технологија и дигитализација.

За жал, денес од друга страна пак, науката и технологијата сe пренасочени од постигнување на најголемото оптимално добро  за човештвото кон сопствените  интереси и парцијален развој на сопствените можности и придобивки. Постои реален монопол на технологијата над општиот развој во целост, само во поедини слоеви од човечкото општествување. На пример, американското Министерство за земјоделство, чија функција се претпоставува дека е спроведување на истражување во начините за постигнување на повисоки приноси , а всушност индиректно ги  плаќа земјоделците да не  произведуваат сo полн капацитет, под изговор на намалување на цената на основниот производ кој го произведуваат.

Во денешната констелација на сваќање на нештата е логично толкувањето дека колку повеке производи на пазарот има толку помала цена истите добиваат, со што го загрозуваат монетарниот систем и "обезвреднување" на пазарот на пари и стоки.За таа цел се реагира интервентно во произвотствениот процес кој иако начелно е дизајниран за поголеми приноси, во суштина призведува недоволно, во светски рамки. Овој факт дејствува поразително  и дволично кон таканаречените земји од третиот свет, кои живеат под прагот на светскиот просек наработ на егзистенцијата со глад, беда и сиромаштија. На тој начин скроениот монетарен систем во светски рамки ја овозможува драстичната разлика во стандарди на животот на луѓето.

Автор:Кирчо Анастасов

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна