Живи споменици на нашиот народ во заедништвото со Бога: Цркви во Делчево

Приказната за Ѕвегорска сурова 

Уште oд памтивек Пијанечкото село Ѕвегор, било центар на голем број на настани, случувања и народни обичаи. Еден од најголемите народни обичаи за кои ова село живее цела година и со кој се гордее, е  токму  карневалот под маски именуван како Ѕвегорска сурва.

Уште од времето на Отоманската империја, обичаите поврзани со Ѕвегорската сурва се одржувале во текот на денот, бидејки вечерните активности не биле дозволени од страна на Отоманската власт за христијанското население кое било малцинство во тоа време во селото.

Празнувањето на Ѕвегорска Сурва започнува во попладневните часови на 12-ти јануари кога децата и најмладите во селото нетрпеливо и со возбуда се подготвуваат за наредниот ден. Покрај маските и костимите кои децата сами си ги подготвуваат од материјали и предмети што им се наоѓаат по дома, значајна улога има т.н. “суроваска”, што претставува суров дрвен предмет од топола или врба кој се носи во рацете. На едниот крај суроваската е разгранета во вид на реси каде се врзуваат пари, бонбони или шеќерчиња.

Преку цел ден на 13-ти јануари групно или поединечно се оди по куќите од страна на најмладите од селото. Задолжително се посетува секое домаќинство. Ова е  т.н. Мала свадба која претставува одличен вовед во она што следува наредниот ден...

На 14-ти јануари се одржува т.н. Голема свадба.

events in delcevo 05

Народниот обичај започнува од дамнина секоја година  пред самото изгрејсонце. Собирањето на сурваскарите се одвива до пет часот наутро, а тргнувањето низ селото на обредната поворка  е помеѓу 05.00 и 05.30 часот. Станува збор за група на луѓе од околу 60-тина лица со најразлични маски и костими, кои имаат сопствено значење и симболика.

Секој од сурваскарите со себе носи свој препознатлив реквизит кој има одредена намена и симболика. Најзастапена е т.н. “Кал'чка” што претставува дрвен меч кој го носат т.н. Белаци како реквизит за одбрана на невестата. Потоа има бастун, пендреци, кандило, ѕвонци-клопотарци итн.

При посетата на секој дом сурваскарите во еден глас извикуваат “Три-четири:СУРВАААААА” со што го најавуваат своето доаѓање на домаќините.

Потоа се врши благословување на газдата и сите по ред во куќата (Невестата целува рака, Попот роси со света вода) и од домашните добиваат подароци.

Кај домаќинствата каде имаат поставено домаќините трпеза во дворот, сурваскарите седнуваат на кратко и се послужуваат од намирниците.

Се посетуваат сите до една, куќи и домаќинства во селото, по претходно определен редослед тргнувајки од десната страна на почетокот на селото (гледано од северо-исток кон југо-запад) и правејки еден вид на круг на маршутата на сурваскарите.

Откако се заврши со посетата на сите домаќинства, групата на сурваскари се собира на местото од каде утрото тргнале. Во средиштето на групата потоа се реди невестата а околу неа белаците кои имаат улога да ја заштитат да не се открие нејзиниот лик од превезот кој го носи.

Така структурирана оваа група тргнува да се движи кон старата селска чешма на местото наречено “мегдан”. Притоа на групата се придружуваат поголем број на жители од селото и останати гости и посетители кои не мора да носат маски, но задолжително нивните лица се оцрнуваат од страна на маскираните цигани. Така на едно место можат во збиена компактна група да се најдат одеднаш над 3000 луѓе кои заедно се движат спроти селската чешма.

Притоа оваа поворка е проследена со музиката од зурлите и тапаните. Обидите за откривање на ликот на невестата редовно завршуваат со туркање, со удирање од страна на белаците по оние кои приоѓаат на невестата. На овој начин се симболизира истерување на лошите духови, негативната перцепција на изминатата година со што во новата година жителите на селото ке влезат на некој начин ослободени од товарот на минатото.

Кога групата ке пристигне кај селската чешма сеуште покриената со превез невеста пие вода од селската чешма, по што младоженецот го симнува  превезот од лицето на невестата и им ја покажува на присутните.

Таинственоста на ликот на невестата во текот на целиот обред е од најголемо значење за самите сурваскари, и постигањето на таа цел односно неоткривањето на ликот на невестата значи бериќет и успех за целото цело во наредната година.

Со тоа ритуалот е завршен и сите присутни се упатуваат кон определеното место за свечената вечера и масовната веселба која трае до раните утрински часови.

Целата манифестација се реализира од страна на Кум и старек, кои што секоја година се менуваат а се од редот на сурваскарите. Во целокупните подготовки и активности поврзани со настанот помагаат сите сурваскари.

events in delcevo 02

 

Што да се погледне во Делчево?

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна