Живи споменици на нашиот народ во заедништвото со Бога: Цркви во Делчево

За вистинските рекреативци и љубители на природата нема лоши планини, па својот рај на земјата можат да го пронајдат во секој агол на нашата преубава Македонија.

Веројатно малкумина освен делчевци, виничани  и кочанци имале можност убаво да го запознаат Туристичкиот локалитет Голак, оддалечен десет километри од центарот на Делчево.

Оваа планинска рекреативна убавица е сместена на надморска височина од 1.300 метри среде столетни борови и букови шуми и со право го носи епитетот привлечна воздушна бања. Овде воздухот е особено чист како резултат на оксидациониот процес на богатата флора на планината, а микроклиматските карактеристики на самиот туристички центар се особено поволни за доживување на вистинска свежина и благопријатно дејство врз сите човечки сетила.

Минералната структура на карпите во трупот на самата планина е гнајс и сиво-зеленикави шкрилци како и гранитно јадро кое е испукано по својот надворешен дел. На источните падини на планината во правец кон бугарската граница е застапена дабова и борова шума во изобилство а на западната страна на планинските падини на голак доминантно се застапени грмушкасти растенија.

Климатските услови се благи и особено инертни, па така кога летно време температурата во Делчево или околните градови е околу 30 степени, на планината Голак температурата е често поладна за 10-12 степени што претставува вистинско температурно освежување во топлите летни месеци. Богатиот биодиверзитет на планината Голак бил предмет на научни студии и проекти во минатото со што е истакната неговата неповторливост и значење во фармаколошка смисла и економски потенцијал. Раскошната природна убавина на растителниот свет е привлечно место за вдомување на богат животински свет кој е застапен на планината Голак.

Golak00

Во текот на зимата планината Голак редовно е покриена со снег кој се задржува подолго време на падините на планината. Теренот на Туристичкиот локалитет е идеален за скиjачите-почетници каде во текот на зимската сезона има доволно снег за скијање за почетниците, но и за тие што ќе ги понесат санките. Искусните скијачи нема да бидат премногу среќни бидејќи во моментот Голак нема "вистински" скијачки патеки.

Golak02

На планината Голак се наоѓа црквата Св. Пантелејмон на самиот врв Чавка кој е лоциран на 1536 мНВ на 2 километри од самиот Туристички локалитет "Голак".

Црквата "Св. Пантелејмон" била подигната во турско време, на место на постара црква, која и била посветена на света Петка. Црквата во тек на времето била едноставна и подоцна постепено се доградувала. Најголемиот зафат е изведен во почетокот на првата деценија од овој век, кога е обновена фасадата и е поставен нов покрив со ќерамиди. Зафатот е изведен со средства собрани од црковниот одбор од селото Тработивиште, кој имал идеја покрај црквата да изгради и манастирски конаци..

Во подножјето на самиот врв се наоѓаат две стари чешми за кои се верува дека имаат исцелителна моќ. Постарата чешма која е подигната на 11 јуни 1935 година е наречена Бун чешма од населението.

Golak01

Golak02

Кај црквата ноќта меѓу 8-ми и 9 август на празникот Свети Пантелејмон се одржува црковно-народен собор, со музика од гајди, зурли и тапани - како во старо време во духот на традицијата. Болни од разни болести, кои од многу градови доаѓаат на соборот, се замиваат со лековитата вода од чешмичката, а за црквата на светецот, кој бил и лекар во своето време, оставаат подароци и колат јагниња и прасиња за здравје

Golak07

Во подножјето на врвот "Чавка" се наоѓа летната сцена на која секоја година традиционално се одржува надалеку познатата меѓународна манифестација "Голачки фолклорни средби". Во предвечерие на православниот христијански празник "Св. Пантелејмон" на 8-ми Август секоја година традиционално се одржува овој своевиден празник на традицијата и фолклорот на Македонскиот народ со учество на голем број на реномирани фолклорни друштва и ансамбли од Балканот и Европа.

Golak06

До Туристичкиот локалитет "Голак" како и до самиот врв "Чавка" се стигнува од две страни на планината по два патни правци. Првиот патен правец кој што води од Делчево до врвот "Чавка" во должина од 12 километри е современо асфалтиран регионален пат кој што беше целосно реконструиран во 2015 и 2016 година од тогашните власти. Вториот патен правец води од атарот на Виница до самиот врв "Чавка" и истиот е со земјана подлога и погоден за авантуристички моторизирани планински тури.

Golak20

Сето тоа го прави популарна локација за викенд-посети на делчевци и други добронамерници кои често  рекреираат на Голак.

Продолжува...


#WhatsToSee #ExperienceDelcevo
@ Destination Delcevo @ bregalnicki
www.destinationdelcevo.mk www.delcevo.org.mk www.bregalnicki.mk


Нов серијал на наши текстови насловен како “Што да се види”, за претставување на Делчево и неговите знаменитости.

 

Што да се погледне во Делчево?

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна