Живи споменици на нашиот народ во заедништвото со Бога: Цркви во Делчево

Во недела 24.06.2018 година работен тим за имплементација на проектот "Воспоставување и уредување на планинарска патека Делчево-Туристички локалитет Голак во функција на ЛЕР на Општина Делчево" на терен по падините на планината Голак ја лоцираше тресата на планинарската патека предвидена за уредување во рамки на овој проект.

Во текот на активноста која траеше повеќе часови од страна на Менаџерот на проектот Димитар Димитровски и од страна на ангажираниот експерт во рамки на проектот Љупчо Чучуковски беше помината целата траса, која беше првично прочистена од вегетација и постојни препреки. Поголемиот дел од должината на трасата се протега по поранешен шумски пат, кој поодамна не се користи за оваа намена е сепак е совршено решение за реализација на една ваква планинарска патека. 

Беше исто така извршен првичен увид на локациите каде ќе бидат поставени местата за одмор и панорамско разгледување, за што се предвидени три вакви локации со поставување на клупи и маси. Покрај местата за одмор ќе бидат поставени Панорамски табли кои ќе содржат информации за патеката, но исто така и информации за богатиот биодиверзитет на планината голак, заедно со корисни информации за туристи и планинари рекреативци.

Почетокот и крајот на патеката ќе бидат означени со информативни табли согласно правилникот за маркација на планинарски патеки во Република Македонија. Исто така е направена првична анализа на расположивите локации за поставување на патокази, патокази со столбови, знаци за предупредување и локации за маркациско бележење со боја согласно Књефељцовата кружна метода.

Од аспект на биодиверзитет на планината Голак, долж патеката се протегаат плодоносни подрачја на разно-разни корисни шумски билки и плодови кои виреат во овој дел од падините на Голак во различни временски периоди од годината. Така што патеката ќе биде совршено место за остварување на природно-научни тури и прошетки за заинтересирани посетители и ученици што е во согласност со главната цел на проектот а тоа е "Да се збогати на туристичката понуда на планината Голак;" и една од специфичните цели "Да се едуцира и подигне јавната свест кај таргет популацијата за заштита на животната средина".

По интензивна канцелариска работа за анализа и систематизирањето на резултатите од оваа денешна активност, ќе се премине на физичко бележење и поставување на предвидената опрема на патеката.

Во рамки на активностите исто така е предвидено да се реализираат две работилници на кои ќе бидат презентирани дел од резултатите на денешната активност меѓу другото.

Во продолжение низ галерија од фотографии Ви пренесуваме повеќе детали од оваа реализирана активност:

 

ozio_gallery_nano


ЗА ПРОЕКТОТ:

Проектот

Воспоставување и уредување на планинарска патека Делчево-Туристички локалитет Голак во функција на ЛЕР на Општина Делчево

се реализира преку програма за мали регрантирани грантови како дел од проектот

Здружени сили за заеднички интереси

кој што е Проект  финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Приоритетната област на реализација на проектот е Туризам и спорт а локација на активноста е планината Голак.

Општа цел на проектот е 

  • Да се збогати на туристичката понуда на планината Голак;

Специфични цели на проектот се:

  • Да се воспостави, уреди и означи планинарска патека на релација Делчево-Голак врз основа на волонтеризам со активно учество на припадници на етничките заедници во општината;
  • Да се подобри препознатливоста/ имиџот и промоција на планината Голак со сите нејзини потенцијали во функција на ЛЕР;
  • Да се едуцира и подигне јавната свест кај таргет популацијата за заштита на животната средина.

Целна група на проектот се

  • Планинарски друштва и планинари поединци од општина Делчево (три регистрирани планинарски друштва со околу 80 членови);
  • Планинарски друштва и поединци од регионот и пошироко.

а очекуваните резултати на проектот се

  • Уредена и обележана планинарска патека по сите стандарди за користење на истата од страна на професионални планинари и рекреативци и останати спортисти;
  • Зголемено ниво на информации во јавноста и на интернет за планината Голак како туристички центар;
  • Реализирани едукативни работилници и мерки за подигање на јавната свест кај локалното население за заштита на животната средина.

Времетраењето на имплементацијата на проектот е 5 месеци.

Со уредувањето на оваа планинарска патека планината Голак ќе добие уште една знаменита содржина која ќе биде во функција на развојот на туризмот на планината Голак и воопшто самата општина.

Потенцијалите кои ги нуди оваа планина за формирање на туристички производи се огромно, но непланското и безидејно работење на сите досегашни чинители во оваа дејност на Голак оневозможиле уназадување на планинските капацитети и можности на овој план.

МОТИВ ОД ГОЛАК ПОД БУЈНАТА ШУМСКА ВЕГЕТАЦИЈА ВО ПРОЛЕТ

ЕДНА ОД ШУМСКИТЕ ВИЛИ НА ГОЛАК КОИ СТОЈАТ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА ПОСЕТИТЕЛИ СО НЕРЕГУЛИРАН СТАТУС ЗА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА ЗА ТУРИСТИ 

ПОГЛЕД КОН РУИНИРАНОТО ДЕТСКО ОДМАРАЛИШТЕ И АНТЕНСКИТЕ БЛОКОВИ ВО ТУРИСТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ГОЛАК

ПОГЛЕД КОН ЛОКАЦИЈАТА КАДЕ Е ПРЕДВИДЕНО ДА СЕ ГРАДИ СКИ СТАЗА СПОРЕД ПОСТОЈНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА ГОЛАК

ПОГЛЕД КОН ЕДНО ОД ЛОВИШТАТА НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК

ПАНОРАМСКИ ПОГЛЕД НА ДЕЛЧЕВО ОД ГОЛАК

ПОГЛЕД КОН ВРВОТ ЧАВКА 1536 MnV

и Црквата Св. Пантелејмон со неколку летниковци кои беа поставени од страна на граѓанска организација во минатото а денес не постојат.

ГОЛЕМ НАРОДЕН СОБОР НА 7-МИ И 8-МИ АВГУСТ ПО ПОВОД СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН КОЈ СЕ ОДРЖУВА СЕКОЈА ГОДИНА НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК СО ОГРОМЕН ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ

Што да се погледне во Делчево?

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна