Живи споменици на нашиот народ во заедништвото со Бога: Цркви во Делчево

Според предвидените активности на Здружението за млади "Локален младински совет" Делчево а во соработка со граѓанските организации ЗГ "АЗМ" Делчево и СРК "ПОП" Делчево и Општина Делчево, во недела на 24.06.2018 година ќе започнат главните теренски активности за воспоставување, означување и уредување на предвидената планинарска патека на релација Делчево-Туристички локалитет Голак.

 

Во рамки на настанот е предвидено лоцирање на самата патека физички на теренот со GPS локации и определување на координатите за поставување на предвидената опрема и маркација.

Како опрема за патеката се предвидени панорамски табли, информативни табли, патокази, патокази со столбчиња, предупредувачки знаци, дрвени маси и клупи како и елементи за мини фитнес парк на отворено. Како маркациски ознаки предвидена е маркација со црвено бела боја на фиксни неподвижни точки.

Бележењето и уредувањето на патеката ќе биде направено со помош на експерт врз основа на постојната законска рамка за ваков вид патеки во Република МАкедонија и согласно Правилникот за бележење на планинарски патеки во Република Македонија според Књефељцовата кружна маркација на Македонската планинарска асцијација.

Инаку

Проектот

Воспоставување и уредување на планинарска патека Делчево-Туристички локалитет Голак во функција на ЛЕР на Општина Делчево

се реализира преку програма за мали регрантирани грантови како дел од проектот

Здружени сили за заеднички интереси

кој што е Проект  финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Приоритетната област на реализација на проектот е Туризам и спорт а локација на активноста е планината Голак.

Општа цел на проектот е 

  • Да се збогати на туристичката понуда на планината Голак;

Специфични цели на проектот се:

  • Да се воспостави, уреди и означи планинарска патека на релација Делчево-Голак врз основа на волонтеризам со активно учество на припадници на етничките заедници во општината;
  • Да се подобри препознатливоста/ имиџот и промоција на планината Голак со сите нејзини потенцијали во функција на ЛЕР;
  • Да се едуцира и подигне јавната свест кај таргет популацијата за заштита на животната средина.

Целна група на проектот се

  • Планинарски друштва и планинари поединци од општина Делчево (три регистрирани планинарски друштва со околу 80 членови);
  • Планинарски друштва и поединци од регионот и пошироко.

а очекуваните резултати на проектот се

  • Уредена и обележана планинарска патека по сите стандарди за користење на истата од страна на професионални планинари и рекреативци и останати спортисти;
  • Зголемено ниво на информации во јавноста и на интернет за планината Голак како туристички центар;
  • Реализирани едукативни работилници и мерки за подигање на јавната свест кај локалното население за заштита на животната средина.

Времетраењето на имплементацијата на проектот е 5 месеци.

Со уредувањето на оваа планинарска патека планината Голак ќе добие уште една знаменита содржина која ќе биде во функција на развојот на туризмот на планината Голак и воопшто самата општина.

Потенцијалите кои ги нуди оваа планина за формирање на туристички производи се огромно, но непланското и безидејно работење на сите досегашни чинители во оваа дејност на Голак оневозможиле уназадување на планинските капацитети и можности на овој план.

МОТИВ ОД ГОЛАК ПОД БУЈНАТА ШУМСКА ВЕГЕТАЦИЈА ВО ПРОЛЕТ

ЕДНА ОД ШУМСКИТЕ ВИЛИ НА ГОЛАК КОИ СТОЈАТ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА ПОСЕТИТЕЛИ СО НЕРЕГУЛИРАН СТАТУС ЗА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА ЗА ТУРИСТИ 

ПОГЛЕД КОН РУИНИРАНОТО ДЕТСКО ОДМАРАЛИШТЕ И АНТЕНСКИТЕ БЛОКОВИ ВО ТУРИСТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ГОЛАК

ПОГЛЕД КОН ЛОКАЦИЈАТА КАДЕ Е ПРЕДВИДЕНО ДА СЕ ГРАДИ СКИ СТАЗА СПОРЕД ПОСТОЈНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА ГОЛАК

ПОГЛЕД КОН ЕДНО ОД ЛОВИШТАТА НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК

ПАНОРАМСКИ ПОГЛЕД НА ДЕЛЧЕВО ОД ГОЛАК

ПОГЛЕД КОН ВРВОТ ЧАВКА 1536 MnV

и Црквата Св. Пантелејмон со неколку летниковци кои беа поставени од страна на граѓанска организација во минатото а денес не постојат.

ГОЛЕМ НАРОДЕН СОБОР НА 7-МИ И 8-МИ АВГУСТ ПО ПОВОД СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН КОЈ СЕ ОДРЖУВА СЕКОЈА ГОДИНА НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК СО ОГРОМЕН ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ

Што да се погледне во Делчево?

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна