Живи споменици на нашиот народ во заедништвото со Бога: Цркви во Делчево

Црквата Св. Атанасиј Михаил во село Нов истевник е една од погребните капела-цркви во општината која е изградена за таа намена. Самата црква има оделно своја капела и олтарен дел со иконостас. Во дворот на црквата има изградено трпезарија која е отворена и камбанарија. Во непосредна близина на црквата се наоѓаат селските гробишта.

crkva sv atanasij istevnik 00 resize

crkva sv atanasij istevnik 05 resize

Црквата се наоѓа во близина на реката Желевица до која води земјен пат од отклонот од локалниот пат кон Балабанско маало. Црквата "Св. Атанасиј Михаил" во село Нов Истевник е почната да се гради во 1919 година од страна на жителите на селото. Градбата била завршена во 1931 година.

crkva sv atanasij istevnik 16 resize

Црквата е градена од камен, варов малтер, дрвен материјал, препечени тули од глина и препечени керамиди.Масивна градба претставува целиот објект без вертикални и хоризонтални носиви елементи. Кровниот покривач е од азвест-цементни ребрасти плочи поставени на дрвена потконструкција. 

crkva sv atanasij istevnik 20 resize

crkva sv atanasij istevnik 00 resize

Плафонот на олтарниот дел е од кована дрвена таваница со стилизирани минималистички резбани форми.Иконостасот на црквата се состои од:

Во долниот дел од 6 големи икони на: Св, Атанасиј, Св. Михаил, Св. Богородица со Исус Христос (од левата страна) и Исус Христос, Св. Гаврил (од десната страна),

На вратите за влез зад олтарот се прикажани Св. Благовештение и Св. Библија,

Во горниот дел од иконостасот се прикажани сцени од светото писмо: 

crkva sv atanasij istevnik 25 resize

crkva sv atanasij istevnik 27 resize

Црквата е во лоша постојна состојба и потребна е нејзина реконструкција и конзервација.

crkva sv atanasij istevnik 08 resize

contentmap_plugin

Што да се погледне во Делчево?

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна