Живи споменици на нашиот народ во заедништвото со Бога: Цркви во Делчево

Вовед

Туристичкиот локалитет Илин камен се наоѓа на околу 500 метри воздушна линија во атарот на селотo Ѕвегор. Самиот локалитет илин камен се наоѓа во карактеристичниот геолошки профил кој што е распослан покрај меѓународниот пат Делчево- Граничен премин Арнаутски гроб кај Делчево кон соседна Бугарија кој зафаќа површина од околу 75 хектари.

Илин камен се наоѓа на надморска висина од околу 800 м над апсолутното морско ниво, покрај магистралниот пат М5 кој ја поврзува општина Делчево со Р. Бугарија. До самото место води обиколен црн шумски пат, додека за авантуристите има и планинарска рута со многу висок наклон и е исцрпувачка за поминување.

ilin kamen 23 02 2011 00

Приказната за природната реткост "Илин камен"

Во близина на селото Ѕвегор се наоѓа каменот, за кој постои верување дека има исцелителна моќ. Со него се врзува трагичната судбина на убавата овчарка Илина, која Господ ја претворил во камен за да избегне да падне во раце на тиранинот.

Освен легендите завиени околку ова место, секој занемува и од прекрасната недопрена природа која го краси ова чудо на природата. Низ годините на ова место дошле многумина, најголем број жени за да ја дотраат бременоста.

Локалното население раскажува дека Илин Камен помогнал на многу жени да станат среќни мајки.

ilin kamen 23 02 2011 01

Проект за Велосипедска патекиа "Илин Камен"

velo pateka ilin kamen

Кон крајот на 2011 година и 2012 година од страна на ЕЛС Делчево под раководство на Градоначалникот Горан Малешевски беше започнато со подготовка на техничка документација за изградба и уредување на инфраструктурен проект за Велосипедска патека "Илин Камен". Според техничката документација станува збор за патека која е ориентирана според правец на протегање од запад кон исток-североисток. Вкупната должина на патеката е 6,15 km во искачување со максимален подолжен наклон од 20 % на многу мал дел од патеката. Просечниот максимален подолжен наклон е околу 13%. Погодна за рекреативци.

Велосипедската патека е поделена на 3 дела (етапи)

Првата етапа е во урбанистичкиот опфат на градот Делчево, и се движи низ урбана средина, започнувајќи кај Спомен домот АСНОМ долж улиците Кеј на Ослободувањето и Скопска во населбата Ново Делчево, преку регионалниот пат А3 кон населбата Пролет. Оттука се упатува во втората етапа по стариот пат кон село Ѕвегор кој што во 2012 година е изграден инфраструктурно со бекатон плочки во ширина од 3 метри и целосно е осветлен. Третата етапа е од селото Ѕвегор до самиот локалитет Илин камен.

velo pateka ilin kamen osnoven proekt

Процесот за заштита на заштитено подрачје."Природна реткост- Карактеристичен профил Ѕвегор". во чии што рамки се наоѓа туристичкиот локалитет "Илин Камен"

Туристичкиот локалитет "Илин камен" е дел од поширокото заштитено подрачје."Природна реткост- Карактеристичен профил Ѕвегор".

За ова заштитено подрачје во различен временски период различни научни и државни институции пројавувале свој интерес:

Така за првпат Илин камен и неговата поширока околина опфатена во т.н. Природна реткост- Карактеристичен профил Ѕвегор бил трертиран со Одлуката за прогласување на локалитето "Ѕвегор" за споменик на природата од страна на тогашното Собрание на Општина Делчево и нејзиниот тогашен Претседател Димитар Мавродиев..

Ексклузивно за нашите читатели истата ја пренесуваме во нејзината изворна оригинална форма

velo pateka ilin kamen osnoven proekt

ilin kamen stara odluka 01

ilin kamen stara odluka 02

Во 2014, 2015 и 2016  година врз основа на оваа одлука, програмските определби на тогашниот Градоначалник Дарко Шехтански како и дополнителни истражувања вршени од страна на Општина Делчево во соработка со Центарот за развој на Источниот плански регион и Програмата за зачувување на животната средина на Швајцарската агенција за соработка и развој беше изработен нов Елаборат за валоризација на природната реткост- Карактеристичен геолошки профил Ѕвегор.

Elaborat Zvegor Page 01

Погледни го документот со клик во продолжение:

Овој документ беше основа за понатамошната постапка за заштита на овој природен локалитет кој со РЕШЕНИЕ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА КАРАКТЕРИСТИЧЕН ГЕОЛОШКИ ПРОФИЛ - ЗВЕГОР ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ на Министерството за животна средина и просторно планирање е даден на управување на Локалната самоуправа во Делчево.

Според законските одредби на ова Решение и правната легислатива околу развојот на овој природен локалитет се предвидени низа на активности кои во наредниот период можат да бидат превземени со цел за заштита но и афирмација на природниот локалитет и каменот посветен на момата Илина, како во локални така и во пошироки национални и меѓународни рамки.

Прекрасна околина која изобилува со многу природни но и духовни богатства

ilin kamen manastirski kompleks sv ilija 04 11 2013 05

Фото: Манастирски комплекс "Св. Илија" во атарот на село Ѕвегор

ilin kamen manastirski kompleks sv ilija 04 11 2013 06

ilin kamen manastirski kompleks sv ilija 04 11 2013 07

Во близина на локалитетот Илин Камен се наоѓа прекрасниот природен амбиент на Манастирот "Св. Илија" и целиот манастирски комплекс кој е уреден и изграден од страна на вредните раце на мештаните од село Ѕвегор. Така кај манастирот секој добронамерник може да почине во манастирските конаци, да си налее од ладната света вода во дворот на манастирот но и да биде дел од многубројните верско-народни традиционални и инцидентни народни собири каде во различни пригоди се слави традицијата, верата и заедништвото на овој народ.

Во 2013 година од страна на екипата на ТВ серијата "Талкачи" која се реализираше од страна на Македонската телевизија преубавата приказна за момата Илина и прекрасниот пејсаж на оваа репрезентативна убавина беше овековечена во нивната емисија и емитувана на програмата на националниот сервис.

Галерија на фотографии од локалитетот "Илин камен"

 ilin kamen 02 07 2010 00

ilin kamen 02 07 2010 01

ilin kamen 02 07 2010 02

ilin kamen 02 07 2010 03

ilin kamen 02 07 2010 04

ilin kamen 02 12 2010 00

ilin kamen 02 12 2010 01

ilin kamen 02 12 2010 03

ilin kamen 02 12 2010 04

ilin kamen 02 12 2010 05

ilin kamen 04 11 2013 00

ilin kamen 04 11 2013 01

ilin kamen 04 11 2013 02

ilin kamen 04 11 2013 03

ilin kamen 04 11 2013 04

 

Што да се погледне во Делчево?

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна