Живи споменици на нашиот народ во заедништвото со Бога: Цркви во Делчево

Сместена во село Разловци, оваа црква покрај верската улога и значење одиграла и улога на историска школа за најразличните револуционерни и останати дејци од овој крај.Податоци за нејзината изградба датираат од 1860 година.

loading...

Црквата „Свети цар Константин и царица Елена“ во с. Разловци е изградена во 1850 година, но според мештаните оваа црква е уште постара. Карактеристично за црквата е што има фреска на која е претставен ликот на поп Стојан, предводник на Разловечкото востание, кој оставил длабоки траги во историјата на овој крај, но и Републиката. Интересно е што за портата на црквата биле изработени два големи клуча, а со едниот од нив и ден денес се отвара оваа црква.

ДЕЛ ОД ИКОНОСТАСОТ НА ЦРКВАТА

loading...

Селото Разловци, во кое се наоѓа оваа црква, е со големо историско значење за македонскиот народ. Познато е по Разловечкото востание од 1876 год. кое иако било неуспешно претставува прва поорганизирана и политички осмислена манифестација на вооружен отпор против турската власт во Македонија.

Тоа е село е од збиен тип со релативно зачувана селска архитектура. Сместено е во многу убава природа и е погодно за развој на селски туризам. Во близина на селото се наоѓаат и познатите свети извори, покрај реката Брегалница. Посебно обележје на селото се колибите каде што селаните ја чуваат стоката и ги складираат плодовите од земјоделието. 

Галерија на наши фотографии од црквата

ozio_gallery_nano

loading...

contentmap_plugin

Што да се погледне во Делчево?

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна