Живи споменици на нашиот народ во заедништвото со Бога: Цркви во Делчево

Црквата "Св.Великомаченик Ѓорѓи" во село Бигла е изградена во 1910 година од кал и камен.

loading...

Градена е од тамошните Православни верници, но поради долгиот временски период а и поради слабата градба со време ѕидовите попуштиле и кровот пропаднал, и покрај тоа што населението неколку пати ја препокривале и ги санирале ѕидовите, сепак неможеле да ја заштитат доволно.

Бидејки таквата градба има пократок век таа попуштила и црквата се срушила. По површина таа зафаќа простор од 12x8 метри должина-ширина.

Поради нејзиното паѓање а се со цел да не се оштетат иконите, на ден 14.05.2001 година со записник и знаење на тамошните црковни настојатели, иконите и се друго било пренесено во црквата Цвета Богородица во Делчево. Бидејки верниците сакаат да има православна црква, се превзема инцијатива за изградба на нова црква. Новата црква треба да биде поставена на ново место викано “коренчето”, место кое е поклонето од повеке сопственици за градба на нова црква.

ozio_gallery_nano

loading...

Што да се погледне во Делчево?

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна