Живи споменици на нашиот народ во заедништвото со Бога: Цркви во Делчево

Вовед

Селото Ѕвегор со својата местоположба отсекогаш било меѓник на сите значајни историски случувања во поширокиот регион.

 

loading...

Камен темелникот на оваа црква е поставен на 02.08.2001 година, од тогашниот Митрополит Брегалнички г. Агатангел во сослужение на повеке свештеници и ѓакони. Градежните работи на црквата завршија кон крајот на 2016 година и истата беше свечено пуштена во употреба на 19 Јануари 2017 година на празникот на Св. Јован, чиешто име го носи самата црква.

Црквата е градена од страна на самите жители на селото Ѕвегор со сопствени сретства и со донации главно од жителите на селото кои се на работа во Швајцарија и другите европски земји.

Внатрешноста на самата црква ја краси еден од најубавите иконостаси во овој регион кој е рачна изработка од ореово дрво од прилепски мајстор и со благослов од владиката Иларион. Овој иконостас е уникатен и по фактот што иконите се изработени во Пловдив, дигитално и имаат рок на траење двојно подолг од обичните икони.

За една невообичаена иницијатива на дел од жителите на селото Ѕвегор

Во изминатиот период оваа црква е препознатлива и по приказната која ја плетат самите жители на селото ѕвегор а се однесува на постоењето на џамиското минаре во непосредна близина на самата црква.

Имено селото Ѕвегор е чисто христијанско село од кое мислиманите се имаат исселено во 50-те и 60-те години од минатиот век . Пред младотурската револуција селото било населено доминантно со турско население. Христијанското население живеело на околните чифлици од селото. По 1956 година почнало масовното исселување на турската популација а имотите на турците биле купувани од страна на христијаните кои се населувале во самото село. Не е познато од кое време датира селската џамија но од страна на повозрасните жители опстојува кажувањето дека е многу стара. 

Од пред неколку години од страна на самите жители на селото како и од членови на црковниот одбор при црквата "Св. Јован Крстител" во соработка со државјани на Турција кои се по потекло од селото Ѕвегор се појави иницијатива за возобновување на самата џамија, просторот меѓу џамијата и црквата и уредување на просторот околу самата црква.

За оваа иницијатива во јавноста во Делчево се појавија различни мислења, од крајно позитивни до крајно негативни, но факт е дека чувстото за верска толеранција и тоа како е присутна во ова чисто Македонско село под планината Влаина.

loading...

Статии за црквата "Св. Јован Крстител" во село Ѕвегор во други медиуми

Галерија на фотографии од црквата  "Св. Јован Крстител" во село Ѕвегор

ozio_gallery_nano

loading...

contentmap_plugin

Што да се погледне во Делчево?

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна