За пристигање во Делчево посетителите можат да го искористат јавниот сообраќаен транспорт на патници кој што го вршат повеќе приватни компании. Јавниот транспорт на патници кон општина Делчево се врши преку
-Национални транспортни линии
Скопје-Велес-Штип-Кочани-Македонска Каменица-Делчево-Пехчево-Берово
-Меѓународни транспортни линии:
Делчево-Благоевград-Софија.
На територијата на Општина Делчево превозот на патници се извршува со користење на патниот сообраќај.
За извршување на јавниот превоз на патници се користат следните видови на превоз:
1.Авто-такси превоз на патници со повеќе приватни компании;
2.Општински линиски превоз на патници;
3.Посебен линиски превоз
Авто-такси превозот на подрачјето на општина Делчево се извршува со лиценцирани авто-такси превозници.