Општина Делчево се наоѓа во крајниот североисточен дел на Република Македонија, во подножјето на планината Голак (Чавка -1524м), непосредно до бугарската граница на оддалеченост од само 10км.  На исток е заградена со планината Влаина, на север со Осоговските и на југ со Малешевските планини. Сместена е во котлината Пијанец и распослана по горниот тек на реката Брегалница. 

Општината со нејзината поширока околина се протега на следните координати: 41º 58’ северна географска ширина и 22º 46’ источна географска должина, на надморска височина од 630 метри. Површината изнесува 422.39 km2. 

 

 

Сообраќајното поврзување на Делчево со остатокот од Република Македонија се одвива преку

  • -регионалниот пат А3 кон општина Македонска Каменица. Должината на одалеченост од центарот на Делчево до центарот на Македонска Каменица е 24 километри и истата се поминува за околу 25 минути со моторно возило.
  • -Регионалниот пат Р1302 кон општина Пехчево. Должината на одалеченост од центарот на Делчево до центарот на Пехчево е 29 километри и истата се поминува за околу 30 минути со моторно возило.
  • -Регионалниот пат Р1302 кон општина Берово. Должината на одалеченост од центарот на Делчево до центарот на Берово е 37 километри и истата се поминува за околу 40 минути со моторно возило.

Во најблиска оддалеченост од Делчево се наоѓаат аеродромите

-Александар Македонски во Скопје кој што е на оддалеченост од 145 километри или времетрање на возење од околу 2 часа со моторно возило.

-Кристофор Колумбо во Софија кој што е на оддалеченост од 140 километри или времетрање на возење од околу 2 часа и 20 минути со моторно возило преку македонско-бугарската граница на граничниот премин кај Делчево (месност Арнаутски гроб).

Од најблиската железница во Кочани Делчево е оддалечено 40 километри,

Од најблиското пристаниште во Солун Делчево е оддалечено 250 километри.

Според овие сообраќајни поврзувања можеме да кажеме дека местоположбата на Делчево од географски аспект е поволна, но релативно лошите сообраќајни услови не овозможуваат благопријатно патување кон прекрасните локации кои се застапени на територијата на целата општина и претставува потенцијал кој во иднина може и мора да се развива.

contentmap_plugin

Инфо за посетители

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна