Пештерата "Коњска дупка" во село Град е една од поубавите пештери во овој дел од државата.

Со постоењето на оваа пештера се поврзани голем број на легенди и преданија како и народни верувања. 

loading...

Влезот на самата пештера е со голем елиптичен отвор со димензии 1,6/3.5 метри по што доаѓа поголем отвор-одаја за која се верува дека во минатото била монашка просторија во која претстојувале монаси. На самиот ѕид од одајата има траги на влага и натечен бакар. На еден од ѕидовите евидентен е  лик на светец, во стоечка положба, како и православен христијански крст, вгравирани во карпата. Од оваа влезна одаја со два помали тунелски отвори, еден кон десно и еден кон лево човек може да се движи подлабоко во пештерата. Десниот тунелски отвор е со висина од околу 60-80 cm и движењето низ него на човек е можно со ползење.

Левиот тунелски отвор е со дијаметар од околу 80-тина cm и истиот е вертикален нагоре во пештерата, а движењето низ него е можно со специјална алпинистичка опрема. Не се знае за должината т.е. длабочината на двата отвори.

loading...

ozio_gallery_nano

loading...

contentmap_plugin

ИЗБЕРЕТЕ МЕСТО ЗА ПОСЕТА ВО ДЕЛЧЕВО

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна