Сума:

Црквата Св.вмч.Георгиј во село Бигла е изградена во 1910 година од кал и камен. Градена е од тамошните Православни верници, но поради долгиот временски период а и поради слабата градба со време ѕидовите попуштиле и кровот пропаднал, и покрај тоа што населението неколку пати ја препокривале и ги санирале ѕидовите, сепак неможеле да ја заштитат доволно.

Бидејки таквата градба има пократок век таа попуштила и црквата се срушила. По површина таа зафаќа простор од 12x8 должина-ширина. Поради нејзиното паѓање а се со цел да не се оштетат иконите, на ден 14.05.2001 година со записник и знаење на тамошните црковни настојатели, иконите и се друго било пренесено во црквата Цвета Богородица во Делчево. Бидејки верниците сакаат да има православна црква, се превзема инцијатива и е во тек изградба на нова црква. Новата црква треба да биде поставена на ново место викано “коренчето”, место кое е поклонето од повеке сопственици за градба на нова црква.

ozio_gallery_nano

ИЗБЕРЕТЕ МЕСТО ЗА ПОСЕТА ВО ДЕЛЧЕВО

loading...
loading...

Наши пријатели

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна