Добредојде почитуван посетителу, на интернет страната на твојата идна дестинација за откривање: Дестинација Делчево! Место под сонцето со едноставен дофат на твојата интимна фантазија и имагинација... Кога сите ѕвезди на небото престанат да светат... Кога сите песни и приказни ќе прибегнат кон својот крај...Тогаш сети се на ова место.
Од памтивек во милост на царевите, кралевите, пашите... Прибежиште на комитите, револуционерите... Поле на посеани мноштво легенти, приказни, песни, преданија и кажувања од народот и за народот.
На ова место каде во синилото на реката Брегалница од најдамнешни времиња се капеле безброј соништа, големи и мали, знајни и незнајни, важни и помалку важни... За слободата, за писменоста, за потеклото на светот, од праисторија до ден денешен, за првата и последната љубов... Соништа за создавање на независна Македонска држава! Сонот на македонскиот премиер, соништата на редица значајни личности кои пораснале во прегратките на планината Голак. Во опојниот мирис на волшебниот планински воздух, со свежина на секогаш преубавите мугри во раните утрински часови на секој нов ден. На секоја магична ноќ, под волшебното делчевско небо, под будното око на милијардите ѕвезди кои продираат во душата на секој кој ги погледнал од плеќите на овој прастар простор исполнет со живот.
Вашата промисла не случајно во мислите ве има доведено на овој интернет портал посветен на најубавото ѕвездено небо. Превртувајќи во нашите електронски рубрики и објави на статии, искрено се надеваме дека ќе пронајдете мноштво на интересни факти, преубави само по ваш вкус фотографии и интересни видео материјали.
На тој начин сакаме барем малку да ви ја разбудиме фантазијата за убавините на Делчево, за прекрасните места кои веруваме дека го заслужуваат вашето време и внимание... За се уште таинствените и неоткриени предели, оставени на заборавот од денешното современо општество... За природните реткости и убавини кои само поединци во соживот со земјата и природата можат да ги спознаат... За исконските вистини пренесувани од колено на колено, украсени со фантазијата на незнајниот народен мудрец, кој оставил свој белег во густината на плетенката на легенди и преданија кои успеваат да одолеат на секакви времиња. За хармонијата и мирот на преубавите цркви и манастири, на китните џамии и мноштвото на свети и култни места... За немирниот дух на револуционерите кои први на оваа македонска земја востанаа во борба за слобода, пред големината на моќната светска империја, за да го кренат гласот на непокорот, кој од сите нас направи слободни македонци. За љубовта во темните селски сокаци низ китните делчевски села, по улиците на царското село низ звуците на милозвучната серенада.
И глеј од маглата на острото јануарско утро над мирната вода на гордата Брега, се залулал венец на едно од најубавите македонски ора, родено од љубовта на прататкото Македон и нежноста на срамежливата Енеја. Онака како што доликува: Со најубавите селски опинци и потури, со китните саји и појаси... Со кубурот во појас, а сонцето на чело, со беспрекорен скаменет поглед во очите... Сјај кој во себе крие безвременска решителност за опстанок.
За да не' има, да не' биде...
Ротирачка галерија на насловна страна
Поинаков поглед кон еден дом под најубавото ѕвезденото небо
Добредојде почитуван посетителу, на интернет страната на твојата идна дестинација за откривање.
Место под сонцето со едноставен дофат на твојата интимна фантазија и имагинација...Делчево и неговата најубава страна... Вистинската...
Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони... Пијанец-завет на генерациите...
...Лулка и изобилство на живот од памтивек за сите времиња...
Распослана небесна убавина во соживот со богатата традиција, на народот кој опстојувал овде со векови...
http://www.destinationdelcevo.mk/za-delchevo/kulturen-informator
Со градителска експанзија на духот
Од дамнина до ден денешен, во секојдневна потрага по тајната на вечноста...
Во прегратките и љубовта на пресветата мајка
Сон кој останал јаве на сите оние кои посакале да го живеат... Покрај вечните огништа на своите татковци.
Во единство со знаењето и мудроста
За душата на народот во сеќавање за првото писмо, пренесено по светот, родено во бистрината и свежината на овие грамадни плеќи...
http://www.destinationdelcevo.mk/za-delchevo/znachajni-lichnosti
Во лице на заборавот...
Пред чардакот на едно дамнешно детство, сакајќи да го сретнеш погледот на твојот грижлив татко, и твојата сакана мајка...
Домот на Копачката, татнеж на времето
Бисерот на пијанечкиoт фолклор и духот на македонскиот народ, на врвот во светската фолкористика. Игрите, песните и приказните овде се живеат и доживуваат, не се раскажуваат...
Во лицето на бесмртноста
Со гостопримливост, насмевка, ведар поглед и здраво-живо од срце...
http://www.destinationdelcevo.mk/component/tags/tag/29-crkvi
Пат кон утробата на земјата
За добронамерникот пак да се врати, да приседне, да почине. Во Делчево со насмевка од срце, топлина од душа....