Сума:
loading...

Promo banners of Destination Delcevo

Добредојде почитуван посетителу, на интернет страната на твојата идна дестинација за откривање: Дестинација Делчево! Место под сонцето со едноставен дофат на твојата интимна фантазија и имагинација... Кога сите ѕвезди на небото престанат да светат... Кога сите песни и приказни ќе прибегнат кон својот крај...Тогаш сети се на ова место.

Promo banners of Destination Delcevo

Од памтивек во милост на царевите, кралевите, пашите... Прибежиште на комитите, револуционерите... Поле на посеани мноштво легенти, приказни, песни, преданија и кажувања од народот и за народот.

На ова место каде во синилото на реката Брегалница од најдамнешни времиња се капеле безброј соништа, големи и мали, знајни и незнајни, важни и помалку важни... За слободата, за писменоста, за потеклото на светот, од праисторија до ден денешен, за првата и последната љубов... Соништа за  создавање на независна Македонска држава! Сонот на македонскиот премиер, соништата на редица значајни личности кои пораснале во прегратките на планината Голак. Во опојниот мирис на волшебниот планински воздух, со свежина на секогаш преубавите мугри во раните утрински часови на секој нов ден. На секоја магична ноќ, под волшебното делчевско небо, под будното око на милијардите ѕвезди кои продираат во душата на секој кој ги погледнал од плеќите на овој прастар простор исполнет со живот.

Вашата промисла не случајно во мислите ве има доведено на овој интернет портал посветен на најубавото ѕвездено небо. Превртувајќи во нашите електронски рубрики и објави на статии, искрено се надеваме дека ќе пронајдете мноштво на интересни факти, преубави само по ваш вкус фотографии и интересни видео материјали.

На тој начин сакаме барем малку да ви ја разбудиме фантазијата за убавините на Делчево, за прекрасните места кои веруваме дека го заслужуваат вашето време и внимание... За се уште таинствените и неоткриени предели, оставени на заборавот од денешното современо општество... За природните реткости и убавини кои само поединци во соживот со земјата и природата можат да ги спознаат... За исконските вистини пренесувани од колено на колено, украсени со фантазијата на незнајниот народен мудрец, кој оставил свој белег во густината на плетенката на легенди и преданија кои успеваат да одолеат на секакви времиња. За хармонијата и мирот на преубавите цркви и манастири, на китните џамии и мноштвото на свети и култни места... За немирниот дух на револуционерите кои први на оваа македонска земја востанаа во борба за слобода, пред големината на моќната светска империја, за да го кренат гласот на непокорот, кој од сите нас направи слободни македонци. За љубовта во темните селски сокаци низ китните делчевски села, по улиците на царското село низ звуците на милозвучната серенада.

И глеј од маглата на острото јануарско утро над мирната вода на гордата Брега, се залулал венец на едно од најубавите македонски ора, родено од љубовта на прататкото Македон и нежноста на срамежливата Енеја. Онака како што доликува: Со најубавите селски опинци и потури, со китните саји и појаси... Со кубурот во појас, а сонцето на чело, со беспрекорен скаменет поглед во очите... Сјај кој во себе крие безвременска решителност за опстанок.

За да не' има, да не' биде...

За авторот на оваа статија:
The Crator
Author: The CratorWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на домен, дизајнер, програмер, развој и авторство на концепт, уредник, фотограф, автор на текстови, едитор, маркетинг промотор
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...

ИЗБЕРЕТЕ МЕСТО ЗА ПОСЕТА ВО ДЕЛЧЕВО

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна