Сума:
 

Секојдневно се бориме со нешто што се нарекува егзистенционализам на здравиот разум, етички и морални општествени норми, опстојување на задоволително ниво на културен дух и прогресивни вредности кои треба да ни обезбедат одржливост на цивилизацискиот поредок на постојан раст и напредок како национален идентитет во рамки на овој географски простор наречен Македонија.

Од друга страна судрени сме со наплив на едно глобализаторско мнение за претопување на националните обележја кои не диференцираат како народ.

Некаде помеѓу овие две доминантни струи на општествени екстреми ке се обидеме во наредниот период да држиме баланс на аргументираност и оправданост на вредносните особености кои овие два филозофско-етички правци ги содржата во себе.

На тој начин преку наш придонес да повлијаеме на зголемување на критичната бројка на поединци кои стереотипно нема да припаѓаат на целната група "слепи следачи" туку ќе изградат свој уникатен и препознатлив индивидуеален идентитет на придонес кон општиот напредок и движења.

Prikazni od Delcevo1Започнуваме амбициозно....

Рецензија....

На книги, филмови, музика, модни трендови, уметнички правци, театарски претстави, спортски навики и натпреварувачки дух....

Јавно вјерују за техничко-технолошкиот подем и падови на нашата секојдневна реалност и опкруженост

Сето тоа пренесено низ мислите на индивидуалци кои живеат и работат во Делчево, чие што мислење и став заслужуваат да добијат свој медиум во јавноста.

Оттука сметаме дека нашиот пионерски чекор, ќе биде следен од повеќемина, со што ќе создадеме еден развој на насттани кои ќе се разликуваат на подобро од актуелните, во културолошко-уметнички аспект на дефинирање и перцепција на иднината.

Да! Истата таа иднина која сите нас не очекува.

Иииии, да! Можеме сите ние да ја создадеме по наш личен пример и замисла.

Да започнеме пополека, но со широка визија за надградба...

Токму и тоа е основната смисла на постоењето на овој наш интернет портал, наречен Дестинација....

Дестинација до срцата на секој од нас....

Дестинација Делчево....

Наш блог

Наши пријатели

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна