Logo & Banner promotive designs

 

Дигитализацијата на секојдневните активности на човештвото одамна го има завземено својот замав во светски рамки. Актуелност на социјалните мрежи во последните 5-6 години претставува реален факт дури и во најзафрлените и најнеразвиените држави во светот. Модерното секојдневие на секој од нас речиси и да не може да се замисли без користење на било која социјална мрежа.

Дали то ќе биде поради меѓусебна комуникација, себеизразување, работен ангажман, активизам или едноставно поради надградување на знаење, воопшто и не е прашање на избор зошто интерконектибилноста на офие функционалности е повеќе од пристапна и доведува до постојано менување на матрицата на размислување на корисниците на овие социјални мрежи.

Замајки ги во предвид овие претпоставки како релевантни, а раководени од идејата за што поголема присутност во што пошироки рамки на Дестинација Делчево во глобални рамки, неизбежно беше спојувањето на моќта на неколку највлијателни социјални медиуми со материјалот што е предмет на презентација на порталов.

Интеграцијата со фејсбук како најраспространета и повеќефункционална социјална мрежа со Дестинација Делчево е направена на минимално можно ниво на пилот верзијата на порталов која за првпат е објавена во јавност. Најверојатно со развој на содржините оваа интеграција со обемот на фумкционалности ке се зголемува.

Твитер како мрежа за инстант информирање (или забава) е застапена со еднонасочно споделување на информациите од порталот, но на прифатлив и забавен начин кој се карактеризира со кратки анегдоти и досетки.

Главнината на интерконенцијата на Дестинација Делчево со социјалните мрежи е особено акцентирана со овозможување на моќни функционални карактеристики пред се за графичко презентирање со Гугл + и Фликр. Овие две социјални мрежи се доминантно застапени во поврзувањето на програмскиот код на Дестинација Делчево пред се поради можностите и графички ориентираниот интерфејс за презентирање на содржините застапени на порталот.

Исто така застапени сме и на Инстаграм во вид на галериски пристап главно за промоција на преубавите места, настани и луѓе од Делчево.

Во пилот верзијата која за првпат е објавена на Дестинација Делчево, Јутјуб мрежата е минимално застапена со сувопарно споделување на неколку значајни видеа, но во иднина оваа интеграциска особина ќе се зголемува уште повеќе.

Пинтерест како релативно нова и понезависна социјална мрежа е застапена на Дестинација Делчево, и во иднина ќе бидат истражувани нови начини за поврзување межу нашиот портал и оваа социјална мрежа.

Наш блог

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна