Посети настан од богатата културна ризница во Делчево


ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА НАШАТА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛЧЕВО

 Делчево од памтивек е територија богата со културна традиција, карактеристична само за нашиот народ. Големиот број на културни настани кои се одржуваат во Делчево (некогашното Царево село) и речиси во секое село, се сведоштво за богатиот дух и традиција на овие простори.

Големиот број на културно-историски знаменитости кои се надополнети со величествените природни убавини кои ги крие во себе нашата општина отсекогаш претставувале погодна почва за создавање на богатиот народен дух и традиција.

Многу значајни личности се родиле и израснале покрај реката Брегалница. Луѓе поединци кои нешто значат во севкупниот општествен живот во Македонија но и пошироко во светот. Оваа интернет страница е нивна, но, и на сите Вас.... 

  ПРЕВЗЕМИ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ "ДЕСТИНАЦИЈА ДЕЛЧЕВО"   

   НАША ГАЛЕРИЈА   

Затоа нурнете се во морето од волшепства кои ја красат Дестинација Делчево.

Влезот на самата пештера е со голем елиптичен отвор со димензии 1,6/3.5 метри по што доаѓа поголем отвор-одаја за која се верува дека во минатото била монашка просторија во која претстојувале монаси. На самиот ѕид од одајата има траги на влага и натечен бакар. На еден од ѕидовите евидентен е  лик на светец, во стоечка положба, како и православен христијански крст, вгравирани во карпата. Од оваа влезна одаја со два помали тунелски отвори, еден кон десно и еден кон лево човек може да се движи подлабоко во пештерата. Десниот тунелски отвор е со висина од околу 60-80 cm и движењето низ него на човек е можно со ползење.

Левиот тунелски отвор е со дијаметар од околу 80-тина cm и истиот е вертикален нагоре во пештерата, а движењето низ него е можно со специјална алпинистичка опрема. Не се знае за должината т.е. длабочината на двата отвори.

ozio_gallery_nano

loading...


#галерија #фотографија #инстаграм #дестинацијаделчево #фликр #пијанец #источнамакедонија #Делчево #брегалница #destinationdelcevo #whatstosee #whattodo #eventsindelcevo
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна